НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Вертикална градина” – дизајн во простор

0
By Нова ТВ on September 10, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Улицата Мирослав Крлежа во Центар (поранешна ул. Ѓуро Ѓаковиќ) доби една несекојдневна урбана опрема која веднаш беше забележана од окото на граѓаните па и медиумите.

Дизајнерките Тамара Георгиевска и Марта Наумовска – Грнарова креираа урбано дело, кое предизвика огромен број на прашалници и кај локалните жители и кај случајните минувачи.

Станува збор за инсталацијата „Вертикална градина” чии дизајн и изведба инспириран од потребата за поставување на бариеа која од овој запуштен дел од улицата ќе направи пријатно катче за социјализација.

Многумина ќе речат дека инсталацијата е голема по обем, маркантна за секое око и дека проектот е мошне интелегентно осмислен од секој можен аспект. Георгиевска и Наумовска-Грнарова покажуваат едно несекојдневно решение за овие простори, тие добро ја имаат анализирано околината и нудат естетика и функционалност кои комуницираат со сите генерации. Ова е дизајн кој досега можеби сме го гледале на светските дизајн портали и фестивали, но неодамна е и наша гордост. Инсталацијата “ Вертикална градина” е дел од европскиот проект “Акупунктура на градот” кој во Македонија е реализиран од организацијата Јавна Соба во 2012 и 2013 година.

Заслугата за оваа извонредна изведба се препишуава на Завар Дизајн, а проектот е финансиран од страна на Европската унија, Министерството за култура на Македонија, Општина Центар и компанијата Завар Дизајн. Проектот “ Вертикална градина” ќе биде претставен пред регионалната публика на архитектонската конференција во Загреб во февруари во 2014 година.

Со поставувањето на оваа урбана опрема гледаме дека локалниот креативен потенцијал и ресурси доколку се правилно искористени креираат дела со кои би се гордеел секој жител на градот. “Реакциите на ѓраѓаните во првите неколку дена беа чудни, но тоа доаѓа од фактот што нивното око не е навикнато на ваков тип на естетика и функционалност во најблиското опкружување.

Ова е инсталација која треба да влијае на подигање на свеста кај граѓаните и се надеваме дека ќе успееме во тоа.” “ Вертикалната градина” е предаденa во владение на Општината Центар која ќе води грижа оваа урбана инсталацијада стане препознатлив топоним во градот и слични дела ќе бидат поставени во повеќе делови од општината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.