Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јужноамериканско деби со овации за Благој Нацоски

0
By Нова ТВ on September 10, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 10, 2013 11:23

Амбасадорот на Културата на Република Македонија, Благој Нацоски продолжува да ги освојува светските оперски сцени. На синоќешното деби (9 септември) во театарот „Солис“ во Монтевидео, Уругвај нашиот тенор имаше успешен прв настап во Јужна Америка проследен со аплаузи и овации. Нацоски ја толкуваше улогата Фентон во операта „Фалстаф“ од Џузепе Верди, која досега ја има изведено осум пати во Сиетл, САД во 2010 година. Останатите улоги ги толкуваа Уругвајците Фернандо Барабино (Фалстаф), Ракел Пиероти (Мис Квикли), Федерико Сангвинети (Форд), потоа Лаура Делогу (Нанета) од Аргентина, која впрочем му е партнерка на Нацоски на сцената, Мурило Невес (Пистола) од Бразил и др. Диригент е Мартин Лебел од Франција, а режијата е на Алехандро Чакон од Аргентина.

„Оваа година, кога во која одбележувам десет години од моето оперско деби, би ја нарекол година на дебија, како во некои улоги (Неморино, Орфеј), така и во нови земји (Литванија, Хрватска, Уругвај, Малта) и театри (Фиренца, Арена Сферистерио Мачерата). Истовремено многу жалам што морав да одбијам неколку театри и тоа Берлин, Цирих, Виши во Франција, Дрезден и Анкара поради пребукираност. Тука во Монтевидео се враќам на Верди по неколку години пауза, и со тоа придонесувам во чествувањето на 200-годишнината од неговото раѓање. Фентон е во моментов единствената вердиева улога адекватна на мојот глас“, вели Нацоски.

Престижниот и најтиражен весник „Ел Паис“ во најавата за операта во две изданија го истакнува нашиот тенор како македонец со богата интернационална кариера кој настапувал на престижниот фестивал во Салцбург и кој снимил ДВД за три светски продукциски куќи: Дојче Грамофон, ТДК и МР Класик.

Репризни изданија од Вердиевиот „Фалстаф“ во Монтевидео ќе има на 11 и 12 септември.

Инаку во текот на летото нашиот најпознат тенор имаше деби настапи уште во два таетри. Првиот во престижната оперска куќа во Фиренца, „Маџо Музикале Фиорентино“ со шест претстави во насловната улога во операта „Орфеј во пеколот“ од Жак Офенбах. Потоа дебитираше и на Мачерата Опера Фестивал во арената Сферистерио како Лајсандер во „Сонот на летната ноќ“ од Бенџамин Бритн.

Годината полна со деби настапи Нацоски ќе ја заокружи во театарот Аурора на Малта повторно со „Фалстаф“ наредниот месец, а потоа се враќа во Националната Опера во Острава, Чешка со операта „Геновева“ од Роберт Шуман каде успешно се претстави во „Италијанката во Алжир“ во 2010.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.