Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вредеше ли, господине Поповски

0
By Нова ТВ on May 25, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 25, 2018 20:34

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор на Универзитетот на Југоисточна Европа

Никола Груевски, поранешниот премиер на ова држава, пред некој ден беше осуден на две години затвор во случајот Тенк покренат од СЈО, а во врска со незаконското набавување на Мерцедесот вреден 600.000 евра.

Како што сега веќе се тврди со пресудата во прв степен (за која допрва ќе има жалба до Апелационен суд) Груевски ги потцени и омаловажи граѓаните на ова земја, дел од кои го избраа него за водач, со тоа што на криминален начин набави скапо возило кое го криеше од очите на јавноста пред кои се возеше со стари коли, а всушност, возилото на сметка на МВР беше набавено токму заради негов личен каприц, да се вози во скапа кола, со екрани во предните седишта. Ова му го овозможија неговите соработници, поранешната министерка Јанкуловска и поранешниот помошник министер Поповски.

Поповски веќе доби шест години затвор за ова дело, додека пак на поранешната министерка ќе и се суди на посебна постапка заради нејзината ризична бременост. Поповски ден порано доби уште 9 години затвор во предметот Триста, како и парична казна од 450.000 евра.

Додека Груесвки се брани од слобода и се жали до Апелациониот суд, каде за краткотрајна затворска казна од две години може да добие условна осуда, а пак Јанкуловска ја следи својата ризична бременост, Поповски отиде во притвор во Шутка, бидејќи се соочува со вкупна казна затвор од 15 години, па оттука и грижата дека може да побегне. Од таму ќе ја тера жалбената постапка.

Груевски се соочува со казна затвор до 20 години доколку биде осуден за сите други дела кои му се ставаат на товар, меѓутоа, за ова во Тенк може да добие условна осуда. За Груевски и неговите две години затвор за корупциски скандал зборуваа сите светски медиуми, а за Поповски немаше никакви помпезни светски вести. Поранешен помошник министер на МВР кој верно служел на поранешниот премиер не е вест на денот во светските медиуми, иако добил сериозна казна затвор за своите дела.

Затоа, моето прашање е следното: Вредеше ли господине Поповски? Вредеше ли целава работа за која вие добивте толкава казна а никој не ве знае? Вашиот случај ќе го паметат единствено студентите по кривично право кои некогаш ќе се сретнат со вашиот предмет и ќе дознаваат како се врши стек на кривични дела и како се одмерува казната за нив. Се надевам дека вашиот случај ќе го памтат и тие кои извршуваат слични функции како што беше вашата.

Не вредеше, да ви кажам право господин Поповски, не вредеше заради неколку причини.

Прво, вие ќе ја издржите казната во КПД “Идризово” или “Штип”. Режимот на издржување на долги казни затвор е многу построг од тој на издржување на краткотрајните казни, за кои ете, може и условен отпуст да се добие. Така, Груевски и да оди во затвор за ова дело нема тоа да биде казнено-поправен дом, туку обичен затвор, а разликата може да ви ја каже секој студент кој ги посетил тие установи.

Второ, не вредеше, бидејќи вие отидовте директно во притвор, додека пак вашиот голем шеф се брани од слобода, а пак вашата претпоставена ќе се суди во друга постапка, различно од вас. На крајот на денот вие ги носите најтешките последици од делото кое според судската пресуда заедно го извршивте. Разликата е во тоа што тие ви наредија, а вие ја извршивте наредбата. Слепо, бескомпромисно, без никакво противење кое било регистрирано некаде, вие му овозможивте на вашиот голем шеф, со наши заеднички пари, да се поигра со сите нас, и да исполни свои нездрави каприци да се вози со скапо возило, со екрани на предните седишта.

За тоа, и за другото дело на проневера повторно на граѓански пари при купување на 300 автомобили за МВР, кои пари сега вие треба да ги вратите, одите на издржување на казна затвор од 15 години. Не е фер, нели? Не помисливте никогаш на оставка? Не помисливте дека има живот и без такви шефови?

Меѓутоа, треба нешто да истакнеме. Да не бевте вие, господине Поповски, да не се согласивте така на поданички начин да ги исполните каприците на вашите претпоставени, овие дела или ќе ги немаше, или пак вие немаше да бидете осуден. Реформата на јавната администрација не се спроведува со семинари на покренување на свеста. Се спроведува со вакви казни кога работите се потполно извадени од контрола како во нашиот случај.

Се додека имаме носители на јавни функции кои не велат “не” на каприците на своите шефови, се додека таквите службеници и функционери се сложуваат да ја стават својата слобода во ризик и се соочуваат со 15-годишни казни затвор наспроти симболичните казни на нивните претпоставени, реформирањето на јавната администрација ќе биде само сон.

Затоа, се надевам дека секој вработен во државната администрација, како и секој сегашен или иден функционер, ќе ги чита внимателно зборовите на судијката во образложението на пресудата за случајот Тенк: “Чест е да се биде носител на јавна функција во Република Македонија, особено е чест да се биде премиер. Затоа истиот треба да се грижи за интересите на грѓаните, не само тој туку секој носител на јавна функција треба да знае дека еден од основните принципи е принципот на отчетност. Граѓаните на Република Македонија мора да знаат како се трошат нивните пари. Никој, најмалку носителот на јавна функција, тука секако пред се премиерот, не смее да ги потценува и омаловажува граѓаните како што тоа го сторил обвинетиот Никола Груевски.”

Не вредеше, господин Поповски. Криминалот никогаш не вреди, особено не за 15 години затвор издржани во условите на нашите казнено-поправни институции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.