Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ирците рекоа големо “да” за либерализација на абортусот

0
By Нова ТВ on May 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 26, 2018 08:44

Ирските граѓани вчера, со големо мнозинство, изгласаа либерализација на најрестриктивното законодавсто за абортусот во Европа.

Во оваа мала земја од 4.7 милиони граѓани е забранет абортусот освен во случај на опасност за животот на мајката.

Според анкетите на излез од гласачките места на повеќе агенции, вчера 68 отсто гласачи гласаа за измена на Уставот наспроти 32 отсто кои сакаат статус кво. Според јавниот ТВ сервис РТЕ дури 70 отсто побарале измена на ова рестриктивно законодавство.

Во текот на кампањата стана јасно дека постои јаз помеѓу жителите на селата и градовите како и јаз помеѓу ставовите на младите и постарите лица. Така, според агенцијата ИПСОС-МРБИ, лицата постари од 65 години гласале за статус кво додека кај младите од 18 до 24 години 84 отсто се за измена на законите и либерализација на абортусот.

Во текот на кампањата владата ја поддржа измената на законите за либерализација на абортусот.

Народната консултација се однесуваше на укинување на членот 8 од Уставот, воведен во 1983 година, во кој се забранува абортусот во име на правото на живот на детето што треба да се роди. Според ова законодавство животот на нероденото дете е еднаков со тој на мајката.

Во 2013 година еден случај ја скандализираше Ирска но и цела Европа. По спонтантиот абортус на една жена лекарите одбиле да ја направат неопходната киретажа поради тоа што се уште се слушале отчукувањата на срцето на детето па жената почина од сепса.

По овој случај беше воведена реформа на законот со која се дозволи абортус кога животот на мајката е во опасност. И покрај тоа ирското законодавство е најстрогото во Европа а по нив следа Северна Ирска и Малта со што илјадници жени секоја година одат во странство да абортираат.

Референдумот се случува на три месеци од најавената посета на Папата Францис во Ирска и три години по легализацијата на хомосексуалните бракови во оваа земја. Легализацијата предизвика вистински потрес во оваа католичка земја. Освен тоа во последните години повеќе педофилски скандали помеѓу свештениците ја скандализираа јавноста. Заедно со вчерашниот референдум, ова покажува дека влијанието на Црквата се намалува.

Финалниот резултат на референдумот ќе биде објавен денес попладне. Потоа владата ќе изработи нов закон според кој ќе може да се абортира во текот на 12 недели бременост и до 24 недели доколку здравјето на мајката е во опасност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.