НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Договорена рамка за компромис помеѓу Атина и Скопје

3
By Нова ТВ on May 28, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скриени од љубопитните погледи на јавноста, Никос Коѕиас и Никола Димитров до доцна синоќа преговарале и постигнале рамка за компромис за името. Но, договореното нема веднаш да биде објавено бидејќи пред двата преговарачки тима стои уште многу работа а се најавува и средба на премиерите Заев и Ципрас оваа недела.

-Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на  премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра, изјави Димитров за МИА.

– Мислам дека тоа треба да го оставиме на премиерите. Видовме колку комуникациите околу процесот влијаат врз него, го имаме веќе тоа искуство да му дадеме шанса на процесот, додава Димитров.

Шефот на македонската дипломатија утрово имаше неформален појадок со министри за надворешни работи на ЕУ или нивни заменици. Франција и Холандија биле најтврди во однос на почетокот на преговори, како што беше очекувано. Но, министерот смета дека “чуда се можни“.

-Убаво е да знаеме дека ова не е едноставно… Внатрешната консолидација во ЕУ е комплементарна а не спротивна на консолидацијата на Балканот, а доколку се случи овој историски пробив ќе биде шанса и за цела Европа да се создаде успех. Не сме во ситуација да имаме луксуз да пропуштаме историски шанси, изјави Димитров за МИА.

Могерини со поддршка

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, утринава по појадокот со македонскиот министер Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение за името.

– Сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името, сите ќе работиме да поддржиме и придружиме позитивен исход, изјави Могерини.

Преговарачки маратон

Најмалку еднаш, а можеби и два пати, телефонски разговарале премиерите на Македонија и Грција, во периодот откако ги известија политичките сили во двете земји пред една седмица, објави грчката телевизија „Скај“.

Темата на разговор, била имплементацијата на ерга омнес за име од пакетот предлози на медијаторот Нимиц. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според грчката телевизија „откако потона Илинден се чини дека е во тек маратон за да не се загуби можноста“ и да се затвори прашањето до Советот на ЕУ на крајот од јуни.

-Според информациите што ги имаме, Алексис Ципрас и Зоран Заев, откако минатата сабота, ги известија претседателите и лидерите на политичките партии, контактираа телефонски најмалку еднаш или два пати и треба да додадеме дека дипломатските канцеларии на двајцата премиери се во континуиран контакт. Во овие телефонски разговори темата беше ерга омнес, односно кое име би можело да се одбере од пакетот на Нимиц и да се користи како во внатрешноста, така и надвор, објави грчката телевизија.

Дипломатските активности на двајцата министри продолжуваат и неделава

Димитров денес во Брисел има билатерални средби со неговите европски колеги а утре ќе зборува во Европскиот политички центар (ЕПЦ).

Неговиот грчки колега денес, по министерскиот состанок на ЕУ во Брисел, патува за Берлин на средба со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер со кој има многу пријателски односи од времето кога тој беше шеф на германската дипломатија а во вторник ќе се сретне и со новиот шеф на германската дипломатија Хеико Мас.

Потоа Коѕијас патува за Москва а подоцна во текот на неделата ќе му биде домаќин на францускиот министер за надворешни Жан-Ив Дриан.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.