https://www.youtube.com/watch?v=uYspel8R1X8
Мамуду Гасама, мигрант од Мали стана херој откако во саботата се искачи по фасадата на една зграда во Париз за да спаси дете што висеше од терасата на четвртиот кат.
Видеото на спектакуларно спасување на Мамуду Гасама стана вирално на социјалните медиуми.
За помалку од една минута тој успеал од една на друга тераса да стаса до четиригодишното момче, додека маж од сеседниит стан се обидуваше да го задржи.
Гасама стана толку популарен за неговата храброст и хуманост што денеска бил повикан на прием кај францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата за и лично да му се заблагодари.
Макрон му ветил добивање француско државјанство и прием на работа во пожарникарска служба, а добил и одликување на бегалецот за неговата храброст и самопожртвуваност.
Гасама во изјава за француските медиуми рече дека кога видел дека дете виси на терасата, воопшто не размислувал.
-Кога го зедов в раце, го прашав:„ Зошто го стори тоа?“ Но, тој не ми одговори, рече Гасама.
Од противпожарната служба изјавија дека кога пристигнале детето веќе било на сигурно.
-За среќа, имаше некој кој е физички подготвен и кој имаше храброст да го спаси детето, изјави портпаролот за новинската агенција АФП.
Според локалните власти, кога се случил инцидентот, родителите на момчето не биле дома.
Таткото бил повикан во полиција на испрашување под сомневање дека го оставил детето без надзор, велат судски извори. Мајката наводно во тој перидо не била во Париз.
Градоначалничката на Париз, Ана Хидалго, го пофали херојството на 22-годишниот Гасама, нарекувајќи го “Спајдермен од 18-ти”, алудирајќи на квартот во Париз, каде што се случи инцидентот.
“Честитки му се на Мамуду Гасама за неговото храброст што го спаси животот на детето”, објави Твитер.
Таа рече дека градот е подготвен да му помогне на мигрантот од Мали кој дошол во Париз пред неколку месеци, да му го исполни сонот да остане тука. Според Хидалго неговиот херојски гест е пример за сите граѓани.






