НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сугарески: Пругата Битола-Кременица се очекува до ноември годинава

0
By Нова ТВ on May 28, 2018 ЕКОНОМИЈА
Фото: ТВ Тера
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За половина година се очекува да заврши изградбата на пругата Битола-Кременица со која се овозможува железничко поврзување меѓу Македонија и Грција.

Пругата е во должина од 16 километри, а инвестицијата изнесува  17,2 милиони евра, од кои шест милиони евра од ИПА фондовите,  а 11,2  милиони евра  од Буџетот на РМ.

– Очекувам до крајот на ноември овој проект целосно да биде завршен, со цел да овозможиме поврзување на пелагонискиот регион до солунското пристаниште, да го зајакнеме економскиот капацитет на регионот, поврзување со индустриската зона „Жабени“ и други олеснувања за транспорт на стоки и услуги, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид на градежните работи на терен.

Сугарески вели дека  Владата е сериозно посветена на железничкото поврзување на Коридорот 8, се работи на пругата од Куманово до Бељаковце, обезбедена е проектна документација и финансиски средства за делот од Бељаковце до Крива Паланка, а завршена е и проектната документација за пругата до граничниот премин со Република Бугарија.

– Во наредниот период планираме да бидат обезбедени над милијарда евра, средства кои ќе бидат искористени за подобрување на железничкиот систем во Република Македонија. Очекувам изведувачите да ги испочитуваат роковите и да ја запазат динамиката на сите градежни работи. Пред два месеца имав средба со министерот за транспорт на Грција на која разговаравме за железничко поврзување меѓу двете држави, а со завршувањето на овој проект тоа ќе се случи бидејќи тоа што го работиме треба да заживее и е од интерес на Македонија и Грција, нагласи Сугарески.

Градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска оцени дека железничката пруга Битола-Кременица директно ќе придонесе за локалниот економски развој на пограничните општини, а размената на проекти и идеи во овој период е динамизирана.

– Сообраќајна инфраструктура од вакви размери е од исклучително значење за секоја општина и овој зафат е голем придонес за економскиот развој на Битола на која и недостигаше ваков проект за развој на индустријата и индустриските капацитети. За нас посебно значајно е што во овој период ги конкретизираме проектните активности и соработка со грчките градови Воден и Солун и тоа што беше запоставено сега драстично се менува, посочи Петровска.

Градежните активности на железничката пруга Битола-Кременица ги врши меѓународната компанија Штрабаг, специјализирана за нискоградба и со високи референци во изградбата на железнички пруги.

Според најавите, наскоро ќе мобилизираат околу 300 лица и механизација за поставување на шините со што од ноември оваа година ќе има непречен железнички сообраќај меѓу Македонија и Грција.

Битола Кременица пруга Сугарески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.