Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

План за решавање на спорот за името

2
By Нова ТВ on May 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 29, 2018 12:24

Телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас што се очекува наредниве три дена ќе  го покаже резултатот од неколкумесечните разговори и консултации за приближување до конечно решение. Министрите за надворешни работи Коѕијас и Димитров вчера изјавија дека тие го завршиле својот дел од работата и дека сега договорот зависи од двајцата премиери.

„Добрата вест што ја чувме од двајцата колеги – министрите Коѕијас и Димитров, е, дека тие по взаемни преговори постигнале принципиелна согласност за решавање на прашањето за името, и дека очекуваат нивните премиери да го одобрат тоа, за да може процесот да се придвижи напред. Мислам дека тоа е добро и позитивно решение за сите страни во процесот, изјави бугарската министерка за надворешни работи Захариева, по состанокот во Брисел.

Според дипломатски извори на НОВА ТВ на последната лидерска средба на 19 мај во Скопје, била презентирана рамка за решавање на спорот за името според која премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, доколку постигнат договор ќе го потпишат  во Преспа на почетокот на јуни и со тоа ќе почне процедурата за прием на Македонија во ЕУ и НАТО. Според овој план, Договорот треба да биде одобрен во македонското Собрание со 61  пратеник. По ова Грција ќе испрати писмо до НАТО за да одобри прием на земјава во Алијансата и  писмо до ЕУ за поддршка за почеток на преговорите на Скопје.

На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори, а на  11/12 јули Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО.

Референдум за решението за спорот за името ќе се одржи  во септември или октомври. Доколку договоорт добие граѓанска подршка,ќе  започне процесот на Уставни измени во Собранието за што е потребно двотретинско мнозинство. Истовремено  Договорот ќе  биде ратификуван и во грчкиот парламент, по што  ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО.

Според „То вима“, „во однос на името, предлогот „Северна Македонија“ е најприфатлив од трите предлози кои се на маса: „Горна„, „Северна“ или „Нова“.

„Реалноста е дека Коѕијас и Димитров не најдоа решение за името. Ако го најдеа, договорот би бил објавен. Стана јасно дека тие не се согласуваат и затоа несогласувањето се упатува кон премиерите, така што тие сега преземаат политичка одговорност да го премостат“, пишува „Прототема“.

Подршка за решавање на спорот за името упати и Германија. Германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот, повика на мирно решение помеѓу Скопје и Атина.„Подготвени сме да дадеме секаква поддршка за решение на името. Ги повикуваме сите да не спречуваат изнаоѓање на мирно решение. Се работи за стабилност и мир во целиот регион и европската перспектива е најдобрата алатка за да бидат земени предвид нашите принципи. Надминувањето на спорот за името е многу важна точка, оптимист сум за следните денови”, изјави Рот .

Федерика Могерини
Федерика Могерини

И Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ Фредерика Могерини вели дека ЕУ нема да може да го игнорира решавањето на деценискиот спор за името. Коментирајќи ги најавите од некои земји членки на Унијата дека се противат Македонија да добие датум за преговори со Унијата во јуни, таа вели дека„ моќта на добрата вест што ќе ја донесе решение за името ќе биде толку силно поздравена од меѓународната заедница и ЕУ што сите земји ќе мораат ова да го земат предвид“.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел порача дека треба да се прави јасна дистинкција меѓу стартот на преговорите и членството во унијата.

„Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ. Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настани, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако го барате истото ниво на демократска зрелост како  онаа што се бара за влез во ЕУ тогаш процесот нема смисла. Имаме искуства со земји што почнале преговори, а потоа се најдоа блокирани. Нема автоматизам. Секогаш кога се политизира овој процес тој не успева. Дали е тоа за да се турка земјата напред или да се задржи назад, ова функционира само доколку земјата е оценувана индивидуално и врз основа на заслуга, изјави министерот за надворешни работи на конференција во Брисел организирано од Европскиот Политички Центар, на прашање на модераторката околу тоа кои се аргументите на Македонија да ги убеди земјите членки кои се скептични за старт на преговори со земјата.

 

 

 

 

 

лидерска средба план за финален договор спор за име
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

ВЕСТИ May 28, 2026

Реформската агенда е јасен показател на европската ориентација на кабинетот на Христијан Мицкоски, одговорија од…

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.