НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стејт департмент: Претходната влада ја политизирала религијата

0
By Нова ТВ on May 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот Стејт департмент синоќа го објави годишниот извештај за верските слободи за 2017 година, во кој во делот за Македонија се наведува дека верските разлики продолжуваат да фигурираат во кривични и граѓански судски процеси.

Притоа, Стејт департментот го нотира повторениот процес против владиката Јован Вранишковски.

„Основниот суд Скопје лани во март го осуди Вранишковски, архиепископ на Охридска архиепископија, за перење на пари. Владиката беше осуден на седум месеци затвор. Судот, исто така, нареди конфискација на земјиште на ОА во вредност од 140 илјади евра, што подоцна и се изврши“, се наведува во извештајот.

Во него, исто така, се наведува дека „Европскиот суд за човекови права во ноември пресуди во корист на ОА, наведувајќи дека со одбивањето да ја регистрира како одделна верска група, власта ги нарушила првата на оваа црква за слобода на здружување и слободно практикување вера“.

Во извештајот се истакнуваат и случаи на антисемитистички говор на социјалните медиуми, вандализам во цркви и грабеж во џамија.

Исламската верска заедница (ИВЗ) се пожалила дека Владата ја фаворизирала Македонската православна црква – Охридска архиепископија, додека помали верски групи пријавиле нееднаков владин третман во споредба со петте верски заедници признаени со Уставот.

 

Во извештајот на Стејт департментот понатаму се наведува дека американскиот амбасадор и други претставници на амбасадата имале средби со владини и параламентарни претставници, верски заедници и организации од граѓанското општество, со кои дискутирале за прашања поврзани со верската слобода.

Граѓанското општество и малцинските верски заедници наведуваат дека претходната Влада, која си замина во јуни, ја политизирала религијата, се наведува во извештајот

Според извештајот, Владата не ги вратила сите претходно конфискувани имоти на верските заедници во текот на годината.

Извештајот се поднесува до американскиот Конгрес, во поддршка на верските слободи и права на граѓаните во светот, за кои САД се голем поборник.

 

Верски слободи Стејт Департмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.