Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета: Мнозинството граѓани против „Илинденска Македонија“

0
By Нова ТВ on May 30, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 30, 2018 17:07

Вкупно 61,5 проценти од граѓаните не се согласуваат со промена на името во Република Илинденска Македонија, покажуваат резултатите на анкетата која ја спровела агенцијата М-Проспект.

На прашањето како ќе гласате на референдум доколку прашањето е „Дали се согласувате со промена на името во Република Илинденска Македонија“?, вкупно 61,5 проценти од испитаниците рекле дека би одговориле со „Не“, 27,3 отсто со „Да“ и 3,7 проценти со “Нема да гласам“.

Од М-Проспект, наведуваат дека споредено  со  резултатите  на  теренската  анкета од  април  2018, за граѓаните додавката „Илинденска“ е  помалку прифатлива од додавката „Горна“, која би ја прифатиле 41,5 проценти од граѓаните.

Резултатите покажуваат дека со „Не” би  гласале 70,5 проценти од етничките Македонци, додека за 52,8 проценти од Етничките Албанци името Република Илинденска Македонија е прифатливо решение.

Овој предлог е прифатлив за 56,4 % за  симпатизерите на СДСМ, за 62,5% за симпатизерите на ДУИ, а  големо  мнозинство од 92,7 проценти од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ рекле дека нема да го подржат.

На прашањето како ќе гласате на референдум на кој би било поставено прашањето “Дали се согласувате со промена на името во Република Илинденска Македонија кога земјата ќе стане членка на ЕУ”?, 53,4 проценти рекле дека ќе одговорат  со „Не“, а  38,9 проценти со „Да“.

Од М-Проспект, наведуваат дека споредено со резултатите од теренската анкета  во  април  2018, многу поприфатлива опција кога земјата би влегла во ЕУ е Република Горна Македонија, за која би гласале 47,6 проценти.

За симпатизерите на СДСМ овој предлог е прифатлив за 71,8 проценти, за  симпатизерите на ДУИ е прифатлив дури за  88,8 проценти. Високи 89,5 проценти од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ не би го подржале овој предлог.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 23 до 26 мај 2018 година на национален репрезентативен примерок од 1.047 испитаници.

анкета Горна Македонија Илинденска Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.