Премиерот Маријано Рахој најверојатно ќе биде приморан да ја напушти функцијата, откако се појавија гласини дека ќе биде поддржано движењето за изгласување негова недоверба.
Гласањето за (не)доверба е закажано за в петок и е организирано од опозициската Социјалистичка партија.
На социјалистичкиот лидер Педро Санчез му е потребно мнозинство од 176 гласови за да стане лидер.

Баскиската национална партија соопшти дека ќе го поддржи движењето, преку кое всушност Санчез би стапил во функција.
Санчез го повика Рахој да си даде оставка уште пред гласањето, но тој одби да го направи тоа.
Движењето кое повикува за изгласување недоверба на Рахој доаѓа откако беше обелоденет голем корупциски скандал во кој беше вмешана неговата партија.
– Повлечи се Рахој, твоето време истече. Повлечи се и ова движење за недоверба ќе заврши овде и сега. Ако останеш премиер тоа е штетно и товар не само за Шпанија туку и за твојата партија – му порача Санчез на Рахој во вторникот.




