Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинет за насилствата во Центар, наместо на суд – на службен пат

0
By Нова ТВ on June 1, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 1, 2018 10:19

Денешното рочиште за насилствата во општина Центар е одложено за 6 јуни, бидејќи еден од обвинетите, Александар Трајковски заминал на службен пат во Хрварска.

Судијата Душко Јосифов соопшти дека обвинетиот кој е советник во општина Гази Баба доставил оправдување дека градоначалникот го испратил на службен пат.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судот да се обрати до градоначалникот и да го праша дали присуството на советникот во Хрватска било неопходно и дали тој знаел дека советникот треба да присуствува на закажано судско рочиште.

Откако судијата само констатираше дека денешното рочиште се одлага, а наредното е закажано за 6 јуни, обвинителката Фетаи побара од судот почесто да се закажуваат рочиштата, бидејќи ова е најстариот предмет на СЈО, а сепак заостанува зад другите.

Претходното рочиште од овој процес се одржа на 19 април. На денешното рочиште, требаше да се сослушуваат сведоците на Специјалното јавно обвинителство.

За насилството пред објектот на Општина Центар што се случи во 2013 година првообвинет е екс премиерот Никола Груевски. Освен него, обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште девет лица. Тие пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот се товарат за поттикнување насилството пред општина Центар во јуни 2013 година.

Обвинетите Груевски, Јанакиески, Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Претходно, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Насилства во Центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.