Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанша победи на изборите, преговорите за влада ќе траат долго

0
By Нова ТВ on June 4, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 4, 2018 08:46

Опозициската конзервативна Словенечка демократска партија (СДС) на поранешниот премиер Јанез Јанша победи на вчерашните предвремени парламентарни избори во Словенија, јави ДПА.

Како што соопшти словенечката Државна изборна комисија, според резултатите по 99,7 проценти преброени гласачки ливчиња, СДС освоила 25 отсто од гласовите, пред левоцентристичката партија Листа на Марјан Шарец (ЛМШ), за која гласале 12,7 проценти од избирачите.

На третото место е партијата Социјални демократи (СД) со 10 отсто освени гласови, а по неа следува Партијата на модерниот центар (СМЦ) на актуелниот словенечки премиер Миро Церар со 9,7 проценти од гласовите.

Одѕивот на вчерашното гласање бил 51,9 отсто, што е за 0.2 процентни поени помалку во однос на претходните парламентарни избори.

Се очекува во новиот 90-член словенечки Парламент, СДС да има 25 пратеници, ЛМШ 13, СД 10, СМЦ и партијата Левица по девет, демохристијанската Нова Словенија (НСИ) седум, Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС) на шефот на дипломатијата Карл Ерјавец и Партијата на Аленка Братушек (САБ) по пет, а екстемно десничарската Словенечка национална партија (СНС) четири мандати. Две пратенички места се загарантирани за претставниците на унгарското и иатлијанското малцинство.

Бидејќи ниту една партија нема мнозинство во Парламентот, се очекува да претстојат преговори за формирање владина коалиција, кои според шефот на државата Борут Пахор, ќе бидат „сложени“ и би можеле да траат и неколку месеци.

Јанша синоќа по објавувањето на првичните резултати изјави дека СДС е отворена за соработка и подготвена за „сериозен разговор базиран на платфроми“.

– Не се плашиме од утрешнината. Ние се радуваме. Словенија ќе биде безбедна со средени јавни служби и ќе важат услови еднакви за сите, порача Јанша во објава на социјалните мрежи.

Но, иако СДС е јасен победник на изборите, сите останати парламентарни партии, со исклучлок на НСИ и СНС, најавија дека нема да соработуваат со партијата на Јанша.

Оттаму, аналитичарите проценуваат дека поверојатна е нова владина колаиција составена од шесте останати партии кои на политичкиот спектар гравитираат меѓу левицата и центарот. Во таков случај  како најверојатен кандидат за нов словенечки премиер се посочува градоначалникот на Камник, Марјан Шарец.

Тој по објавувањето на резултатите изјави дека е среќен поради изборните резултати на неговата партија и иако на Јанша му посака „среќа во формирањето коалиција“, сепак нагласи дека токму СМШ ќе биде партијата околу која ќе се формира новата владина коалиција.

Шарец порача дека СМШ нема да ја повика СДС на преговори за формирање на влада, а ако Јанша го покани него нема да му биде „проблем да изпезе на кафе со него и ќе го повтори она што го кажал повеќе пати“.

Еврокомесарката за сообраќај и висок функционер на СМЦ на актуелниот премиер Церар, Виолета Булц изјави дека се надева оти новата вкада, каков и да биде нејзиниот состав, ќе проодлжи со реформите и дека ќе ја „задржи европската ориентација“ на земјата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.