Published: Tuesday, June 5, 2018 18:51
Телото на модната дизајнерка Кејт Спејд било пронајдено во нејзиниот дом во Њујорк.
Спејд имаше 55 години.
Според полицијата, таа оставила проштално писмо во нејзиниот стан, но не објавуваат повеќе детали околу случајот.
Спејд креираше линија на ташни во средината на 90-тите години од минатиот век, со што направи бум на модната сцена.
Нејзината компанија има повеќе од 150 продавници во САД и уште 175 ширум светот.





