НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошњаковски: Функцијата национален координатор не е нова

0
By Нова ТВ on June 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Позицијата национален координатор постои и една од можностите кои ги има Владата е да назначува ваков вид функционери во областите во кои работи, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за последните назначувања на национални кооординатори за здравство и за култура.

На позицијата национален координатор за здравство вчера Владата на седница го назначи Гоце Чакаровски, кој беше заменик-министер за здравство, а претходно за национален координатор за култура беше назначен Роберт Алаѓозовски, откако беше сменет од функцијата министер за култура.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека по смената од заменичко-министерската, односно министерската функција на Чакаровски и Алаѓозовски во јавноста се создал впечаток дека Владата „некаде ги сместила“, Бошњаковски нагласи дека оваа функција постои и не е нова, а Владата има право да именува такви функционери во сите области во кои работи.

– Националниот координатор како функција постои. Тоа е дел од можностите кои ги има Владата да назначува функционери, во конкретниот случај национален координатор во областа на културата и национален координатор во областа на здравството. Тоа мора да се донесе со одлука на Влада, не се работи за нови функции, а Владата има можност да назначи национални координатори за различни аспекти од нејзиното работење, вклучувајќи ги и различните области кои ги обавуваат ресорните министерства, рече владиниот портпарол.

Тој додаде дека не се работи за препокривање на работите кои ги имаат ресорните министерства, туку за повисоко издигнување на координацијата, која постои во одредена област.

– И претходната влада имала национални координатори и сите претходни влади имале национални координатори, рече Бошњаковски.

Во врска со висината на платите кои ги земаат рече дека не може прецизно да каже, но напомена дека е нешто под нивото на министерските плати.

Владата во моментот има четири национални координатори, според објавеното на нејзината веб страница, а со новите двајцата нивната бројка достигнува шест.

Национален координатор за гранично управување е Владимир Пивоваров. Тој има и заменик, Бајрам Берат.

Стево Пендаровски е национален координатор за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО, Павле Трајанов е национален координатор за имплементација на национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.

Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам е  Борче Петревски. Тој има двајца заменици  – еден за спречување на насилен екстремизам,  Џеладин Ајвази и еден за борба против тероризам, Златко Апостолоски.

 

Влада национални координатори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.