Модната дизајнерка Кејт Спејд се самоубила, откако паднала во длабока депресија поради семејни проблеми, соопшти порталот ТМЗ.
Педесет и пет годишната Спејд не сакала да се раздели со сопругот по 24-годишен брак. Дизајнерката била во длабока депресија, откако тој го напуштил семејниот дом и побарал развод.
Безживотното тело на Спејд беше откриено во нејзиниот стан во Менхетен. Таа оставила смртна белешка за нејзината 13-годишна ќерка.
Според „Њујорк тајмс“, во белешката се вели дека за причините за трагедијата таа треба да го праша својот татко.
Телото на модната дизајнерка Кејт Спејд беше пронајдено вчера во нејзиниот дом во Њујорк.
Спејд креираше линија на ташни во средината на 90-тите години од минатиот век, со што направи бум на модната сцена.
Нејзината компанија има повеќе од 150 продавници во САД и уште 175 ширум светот.




