Published: Thursday, June 7, 2018 21:38
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека се е подготвено за неговиот состанок со севернокорејскиот лидер Ким Јонг ун закажан за 12. јуни во Сингапур.
“Сега се е подготвено за состанокот со Ким, кој накратко беше откажан,” изјави Трамп во Вашингтон, откако го пречека јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Трамп најави дека со Абе ќе разговара и за Северна Кореја, како и за трговијата.
Абе изрази надеж дека состанокот меѓу Трамп и Ким ќе биде “преобразувачки момент” за североисточна Азија.




