Европската комисија и официјално го укина роамингот во ЕУ, со што се става крај на високите трошоци за роаминг.
Претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Баросо, во говор во Европскиот парламент, порачал дека од витално значење е да постои „единствен пазар“ во секторот на комуникациите за да не биде ЕУ зад другите региони во светот.
„Овој предлог ќе ги намали цените на корисниците. Европа се повеќе ќе станува дигитализирана и ќе им пружи нови можности на корисниците“, рече Баросо.