Големо невреме со силен ветер и пороен дожд попладневно зафати повеќе делови од земјата при што според првичните информации има големи штети.
Во Скопје, во невремето кое траеше околу еден час, повече улици се поплавени, а силниот ветер урна и повеќе дрвја. Она што регистриравме беше отконатото огромно дрво кое падна врз две паркирани коли во близина на Сити Мол во населбата Карпош 3.
Од Јавното претпријатие Водовод и канализација соопштија дека на територија на градот Скопје нема непроодни коловози или поплавени улици.
-За време на обилните врнежи од дожд проследени со силен ветер екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје беа искочени на терен и превентивно делуваа. Вонредно беа повикани 150 луѓе од секторот водовод и секторот канализација со што не се дозволи да се поплават критичните точки кои најчесто создаваат проблеми при обилни врнежи, се вели во известувањето на Јавното претпријатие.
Според УХМР, невремето во скопскиот регион следи, по бурата во штипоскиот и кумановскиот регион.
Во Прилеп неколку куќи се поплавени, урната е една бандера која била погодена од гром, а поголем дел од канализациите се затнати.
Поројните дождови и високиот водостој на Кочанска Река оштетиле дел од цевководот на атмосферската канализација во коритото на реката во централното подрачје на Кочани.
Дефектот го оневозможило собирањето на надојдената вода по улиците, поради што комуналното јавно претпријатие „Водовод“ поставило нови цевки за атмосферска канализација во должина од 40-ина метри, по течението на реката во близина на Центарот за култура за да спречи поплавување на околните објекти.