Србија очекува кредит од околу 2 до 3 милијарди долари од страна на Обединетите Арапски Емирати. Стопанствениците велат дека оваа вест е повеќе од добра, додека српските економисти бараат парите да се инвестираат во инфраструктурата и подобрување на условите за бизнис, пренесува „РТС“.
Абу Даби би требал да им позајми на Србите средства на 20 до 30 години. Според потпретседателот на Владата, Александар Вучиќ, една милијарда од тие пари ќе бидат искористени да се исплатат претходните кредити на земјата. Остатокот, според него, ќе бидат инвестирани во економијата.
Србија должи 19 милијарди и 150 милиони евра, а во буџетот недостасуваат пари за пензии и социјални трансфери.
Вицепремиерот Вучиќ истакна дека побарал од шеикот Мохамед бин Зајед да Обединети Арапски Емирати на Србија и даде 2 или 3 милијарди долари по најниска каматна стапка за 20 или 30 години.
„Тоа би било поклон за земјата. Со тие пари ние би ги вратиле кредитите кои најмногу не оптоваруваат“, вели Вучиќ.
Според стопанствениците се работи за многу добра вест, а економистите се залагаат за инвестирање на парите во инфраструктурата и подобрувањето на условите за бизнис.
„Секое препакување на долговите кое се работи на начин да новиот заемк биде со пониска каматна стапка е рационално и пожелно, но прашањето е дали можеме да позајмиме на подобар начин, дали тие пријателски врски ќе бараат нешто во замена“, вели економистот Ненад Гујаничиќ.