Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Коѕијас: Договорот е патриотски, со компромис од двете страни

0
By Нова ТВ on June 16, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 16, 2018 21:15

Договорот е патриотски и ни помага да ги концентрираме силите таму каде што има проблем, рече шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас од грчкиот парламент, за време на расправата за гласање недоверба на владата.

Коѕијас објасни дека направен е компромис во решението, бидејќи „само ако победиш во војна, тогаш има договор без компромис“.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во однос на декласифицираните документи од грчкото МНР, Никос Коѕијас рече дека добил дозвола да бидат искористени. Ги анализираше понудените предлози на Нимиц (Вардарска Македонија, Горна Македонија, Македонија – Скопје, Северна Македонија) и рече дека сите имиња освен Северна Македонија, биле отфрлени од грчките влади во минатото.

Во однос на договореното име, шефот на грчката дипломатија рече дека во минатото, токму за овој предлог владите коментирале дека е предлог за кој вреди да се разговара и преговара и се осврна на периодот во 2009.

Цитирајќи дел од документите, Коѕија кажа дека Константинос Мицотакис рекол дека ова име може да е исходот што се бара, а министерка за надворешни работи во 2009 Дора Бакојани, во одговор до Нимиц, напишала  дека „секако вреди да се продолжат преговорите за ова име“.

Шефот на грчката дипломатија исто така рече дека  најголемите опозициски партии и во двете земји имаат идентични позиции, и едните и другите ги обвинуваат владите дека дале сѐ во преговорите.

„Алексис Ципрас, можеби имаме два различни договора еден за едната, друг за другата земја“ праша Коѕијас обраќајќи му се на грчкиот премиер во однос на обвинувањата од опозициите и во Македонија и во Грција.

Во 45-минутниот говор, тој на пратениците им ги објасни главните точки од договорот што се однесуваат на јазикот, државјанството, ерга омнес и евро-атлантската интеграција на нашата земја.

грчки Парламент Договор за спор за име Коѕијас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.