Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ди Карло, Могерини и Димитров за НОВА: Победа на дипломатијата

0
By Нова ТВ on June 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 17, 2018 18:51

Спорот почна пред 27 години но неговите корени се далеку во минатото, може да се каже дури до древниот Александар Македонски. Во текот на 27 години сите обиди за неговото решавање пропаднаа. Во Македонија и Грција, некои влади преговараа со добра волја за да се најде излез, други преговараа убедени дека решение не може да има.

Сé до денот кога премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, решија да се фатат во костец со овој дипломатски трн кој ја блокира нашата европска интеграција а на Атина и одзема многу енергија во обидите да ја спречи нашата земја да го употребува името Република Македонија.

За високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, овој договор покажува дека може да има успех дури и кога многумина во него не веруваат:

– Ова е историски настан за Западниот Балкан но и за цела ЕУ, за Европа. Пред се покажува дека добрата волја, дијалогот и желбата да се најде решение носи решение дури и кога не се очекува успех. Ова докажа дека може да биде успешно и дека ова е победа на дипломатијата. Второ, поради тоа што покажува дека одлучноста донесува резултати, изјави Могерини за НОВА.

Странските гости на денешниот настан како да немаа доволно богат речник за да го искажат своето задоволство што конечно некој на Балканот, и покрај неговиот лош имиџ, успева да реши еден навидум нерешлив проблем. И се надеваат дека ова ќе биде пример не само за другите балкански спорови туку и за целиот свет.

Розмари Ди Карло, заменичка на генералниот секретар на Обединетите Нации дојде во Преспа за да честита и да каже дека нејзината светска организацика цврсто стои зад договорот:

– Тука сум за да им честитам на партиите и граѓаните при потпишувањето на овој договор. Знаеме дека не беше лесно но имаше многу упорност во постигнувањето на овој договор. Се надеваме дека овој договор ќе служи како пример во светот.

Граѓаните на двете земји треба да решат но ние сите цврсто стоиме зад овој договор. Сметаме дека тој ќе го подобри животот на многу граѓани и ќе служи за вашата европска интеграција и се надеваме дека граѓаните на двете земји ќе го усвојат, рече таа за НОВА.

За шефот на македонската дипломатија ова е исто така “историски настан” но и пример за Европа:

– Ова е историски настан за да се отвори иднината. Докажавме дека две балкански земји можат да бидат европски. Ова е огромна можност за самата ЕУ но момент кога нема многу успеси на нашиот континент. Ова беше можност да се реши проблем кој има 27 години и да се оди напред, вели Димитров за НОВА.

Според него “клучното сега е да се инвестира во успех на договореното”, вели тој и додава дека Македонија ќе го направи својот дел и верува дека ЕУ партнерите ќе го направат нивниот дел за да може овој договор да биде навистина успешен.

Прашањето што се поставува во овој момент е дали земјите членки на ЕУ ќе ги надминат нивните колебања околу проширувањето, дали ќе ја подотворат вратата за Македонија.

Ди Карло, ЕУ одлично ја разбира “важноста на овој договор и важноста на европската интеграција за Западниот Балкан”, изјави таа за НОВА денес во Отешево.

Могерини пак вели дека токму сега е време да се поддржи примената на договорот:

– Денес, повеќе од било кога, решени сме да ја придружуваме примената на договорот. Мислам дека и кај двете страни, со време, ќе стане евидентно дека ова е во интерес на двете страни и во интерес на регионот пред се. Лошо би било да се потцени влијанието и охрабрувањето што овој договор го дава за целиот Балкан.

ЕК веќе даде препорака за преговори за Скопје и Тирана и тоа кажува дека двете земји се подготвени да почнат преговори од технички аспект. Овој договор дава уште поголем елан за оваа одлука и да, се надевам, дека земјите членки на крајот на јуни ќе донесат позитивна одлука.

Но Димитров е претпазлив во оптимизмот. Среќен е што Грција со овој договор станува пријател на Македонија но, нема време за славење. ЕУ би направила голема стратешка грешка ако не го види дометот на денешниот договор:

– Освен што направивме пријатели во Атина, целта сега е да се отвори вратата во ЕУ што беше предолго затворена. Очекуваме датум за преговори на крајот на овој месец на Европскиот совет. Би било стратешка катастрофа ако отворајќи една врата видиме дека зад неа има друга.

Двајцата премиери и нивните министри се соочуваат со жестоки реакции од страна на опозициските партии во двете земји. Врз Ципрас се истураат обвинувања за предавство. Тоа отиде дури и до гласање за недоверба во грчкиот Парламент.

Во Македонија Заев и Димитров се секојдневно изложени на истите обвинувања за “капитулантство” и “предавство”. Претседателот Иванов најави вето за овој договор.

Договор за решавање на спорот со Грција ЕУ Никола Димитров Обединети нации Розмари Ди Карло Федерила Могерини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.