Владата на Република Македонија на денешната 74. седница го разгледа и усвои Предлог – законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликата како што е опишана во резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации 817 (1993) и 845 (1993), престанување на Времената спогодба од 1995 година и воспоставување на стратешко партнерство помеѓу страните, на предлог на Министерството за надворешни работи.
Предлог-законот за ратификација ќе биде доставен до Собранието на Репубика Македонија.
Според Договорот, по ратификацијата, грчките власти ќе го известат претседателот на Европскиот совет дека нема пречки и дека препорачуваат земјата да добие датум за почеток на преговороте и ќе испратат писмо до генералниот секретар на НАТО дека веќе нема спор и нема пречки за да добиеме покана за членство во НАТО.
Советот на кој се одлучува за датумот за почеток на преговорите со ЕУ е на 28 и 29јуни, а НАТО самиот на 12 јули. Македонските граѓани ќе го имаат конечниот збор за договорот за името на референдум кој треба да се одржи до октомври оваа година.
Со Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство што вчера во Преспа го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, официјално име на државата ќе биде Република Северна Македонија или Северна Македонија (скратено име).
Со Договорот се признава – Македонски јазик, а за државјанство е предвидено: Македонско/
Договорот меѓу Македонија и Грција беше потпишан вчера во Псарадес. Конечната спогодба е објавена на следниов линк.