Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НВО во САД: На децата на мигрантите им се даваат психотропни средства

0
By Нова ТВ on June 21, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 21, 2018 09:38

Американскиот претседател Доналд Трамп попушти на притисокот од јавноста и потпиша извршна наредба против разделувањето на децата-мигранти од нивните родители, кои нелегално влегле во САД.

Промената на одлуката е резултат на гневот кај меѓународната јавност поради претходната одлука со која децата беа одвојувани од родителите мигранти.

Според официјалните податоци, 2.426 деца биле одвоени од 2.206 родители во периодот од  5 мај и 9 јуни.

Невладината организација Центар за човекови права и уставно право во Лос Анџелес тврди дека на децата на мигрантите во центрите за прием рутински и под присила им се даваат повеќе психотропни супстанции за да ја потиснат нивната траума што се затворени, а во некои случаи и одделени од нивните родители.

Организацијата за ова поднесе жалба во американски суд.

Децата, кои се држат во објекти како Центарот „Шајло“ во Тексас речиси сигурно добиваат такви супстанции, без оглед на нивната состојба и без согласност од нивните родители, се истакнува во жалбата.

Центарот „Шајло“ е специјализиран за малолетници со проблематично однесување и емотивни проблеми.

Жалбата е поднесена на 16 април, неколку дена по воведувањето на политиката на „нулта толеранција“ од страна на администрацијата на Трамп за раделување на деца од родители кои илегално ја поминале границата на САД со Мексико.

– Ако сте во „Шајло“, речиси сигурно ќе примате такви лекови. Така што ако некое дете било пратено во „Шајло“, откако било одвоено од родител, тогаш речиси сигурно му биле дадени психотропни супстанци, изјави адвокатот на организацијата, Карлос Холгуин.

Претставници на Службата за преместување на бегалци (СПС), која раководи со овие центри за прифаќање на деца и адолесценти, до сега ја немаат коментирано жалбата.

Земањето различни психотропни супстанции во исто време може сериозно да му наштети на детското здравје, се вели во жалбата, во која се нагласува потребата од надзор, за да се избегне употребата на овие лекови како „хемиски кошули за смирување“ наместо за лекување на вистински душевни болести.

Центрите на СПС еднострано им ги даваат овие супстанци на деца кои ги прекршиле законите на Тексас и други држави каде што се бара родителска согласност или судска наредба, се вели во жалбата.

Некои деца и адолесценти во „Шајло“ изјавиле дека наутро им се даваат девет различни таблети и шест во вечерните часови, и оти ако одбијат да ги земат, им се кажува дека ќе бидат притворени. Некои сведочат дека кога одбиле да ги земат лековите, тие биле имобилизирани и им ставале инекции, стои во жалбата.

Една мајка изјавила дека ниту таа, ниту другите членови на семејството не биле консултирани за давање лекови на нејзината ќерка, иако во „Шајло“ имале информации за да ги контактираат. Друга мајка изјавила дека нејзината ќерка добивала толку силни лекови за анксиозни нарушувања што неколку пати колабирала, се истакнува во жалбата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.