Published: Friday, June 22, 2018 19:44
Грчкиот премиер Алексис Ципрас за првпат се појави во јавност со вратоврска. Тој кога стапи на премиерската функција изјави дека нема да стави вратоврска се додека не успее да ја извлече Грција од должничката криза.
Тој сепак, денеска се појави со црвена вратоврска, иста каква што му подари македонскиот премиер Зоран Заев на потпишувањето на Договорот за решавање на спорот со името.
Останува енигма, дали вратоврската која ја носи Ципрас е истата која му ја подари Заев.





