Published: Sunday, June 24, 2018 09:09
Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс била исфрлена од ресторан во Лексингтон, во сојузната американска држава Вирџинија, бидејќи, како што тврди, работела за претседателот Доналд Трамп.
-Изминатата вечер сопственикот на ресторанот Ред Хен во Лексингтон, ми рече да го напуштам, бидејќи работам за Трамп и јас љубезно заминав. Нејзините постапки говорат повеќе за неа отколку за мене, напиша меѓудругото Сандерс на Твитер.
Ова предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. По овој повод се огласи и таткото на Сандерс, Мај Хакаби, екс гувернер на Арканзас.
-Нетрпеливоста се наоѓа на менито на Ред Хен во Лексингтон. Можете да нарачате јадење „омраза“, напиша тој на Твитер.





