Published: Tuesday, June 26, 2018 09:30
Патнички воз излетал од шините во близина на австрискиот град Санкт Пелтен, а локалните медиуми пренесуваат дека има голем број повредени, меѓу кои и деца. Во возот имало 80 патници.
Возот со неколку вагони излетал од шините, а на местото се наоѓаат голем број возила на брза помош и им се укажува помош на полесно повредените. Во возот наводно се уште се наоѓаат потешко повредените.
Куриер објави дека најмалку 26 лица се полесно повредени.
Полицијата засега не ја објавува причината за несреќата, но „Хојте“ пренесува дека се работи за судар на два воза.




