Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп му ја честиташе победата на Ердоган

0
By Нова ТВ on June 26, 2018 СВЕТ
Доналд Трамп
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 26, 2018 20:42

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му честиташе победата на Реџеп Тајип Ердоган на претседателските избори во Турција.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Ердоган, двајцата лидери се договориле за унапредување на билатералните односи во областа на одбраната и безбедноста.

– Во телефонскиот разговор Трамп и Ердоган укажаа на потребата од примената на претходно договорениот план за Манбиџ и се согласија да соработуваат во борбата против тероризмот, се посочува во соопштението.

Исто така се наведува дека Трамп и Ердоган ќе се сретнат во Брисел на Самитот на НАТО на 11 и 12 јули.

Односите меѓу САД и Турција во последните месеци се тензични поради низа прашања, меѓу кои и поддршката на Вашингтон на курдските сили во Сирија и турската набавка на противракетните системи С-400 од Русија.

Претходно, Анкара и Вашингтон постигнаа договор за повлекување на припадниците на курдските Народни заштитни единици од северниот сириски град Манбиџ. Народните заштитни единици, кои имаат поддршка од САД, за Турција се терористичка организација.

Вашингтон и се лути на Анкара поради затворањето на американскиот свештеник Ендру Брансон под обвинение за тероризам и поради купување на системите С-400 од Русија.

Комитетот на американскиот Сенат минатата недела усвои предлог закон, кој вклучува одредба да го блокира турското купување на воени авиони Ф-35, а како причина го наведе договорот за купување на С-400 и апсењето на Брансон.

Белата куќа синоќа ја повика Турција да ја зајакне демократијата, еден ден по убедливата победа на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на претседателските и парламентарните избори.

– Ја охрабруваме Турција да преземе мерки за зајакнување на демократијата, рече портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Нејзината изјава беше првата реакција на САД по реизборот на Ердоган за претседател.

– Сакаме конструктивни односи со претседателот Ердоган да се соочиме со заедничките предизвици. Ги охрабруваме сите претставници избрани од народот на Турција, вклучувајќи го и претседателот Ердоган, да ги изразат различните ставови на сите турски граѓани и да ја зајакнат турската демократија, истакна портпаролката на Стејт департментот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.