Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дескоска: Нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум

1
By Нова ТВ on June 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 27, 2018 13:09

Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави дека се уште нема конечен став дали ќе има измени на законската регулатива за организирање и спроведување на референдумот, во контекст на договорот за решавање на спорот со името.  

„Во моментов немаме донесен конечен став околу тоа дали ќе се оди со измена на Законот за референдум или не. Имаме предвид дека станува збор за закон кој е стар и не е усогласен со Изборниот законик“, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска. 

Според неа, кога би се правеле измени тие би биле чисто технички. Суштински измени, според Дескоска, не се планирани. 

„На пример во текстот на Законот за референдум пишува дека повикување на законот за Избирачки список, што не постои и е заменет со Изборен законик, понатаму пишува повикување на закон за избор на пратеници кој исто така не постои, сега е заменет со Изборен законик. Исто така, делот што се однесува на заштитата на правото на гласање се разликува од заштитата на Избирачкото право. Законот за референдум оперира со постапка со заштита пред Врховниот суд додека пак Изборниот законик реферира на постапка пред Управните судови“, рече министерката за правда.    

Референдумското прашање ќе го дефинира Собранието, вели Дескоска, зависно кога би се одредил датум за референдумот. 

Од Министерството за правда, вели таа, досега не се побарани активности во однос на референдумот.

Министерката за правда Дескоска денеска имаше обраќање на 98. Рос-Рот семинар во Собранието на Република Македонија на сесијата посветена на Зајакнување на владеењето на правото, реформа во администрацијата и правосудството, борба против корупцијата.

Таа зборуваше за претстојните реформи во правосудниот сектор, имајќи ги предвид забелешките на ЕУ. 

„Реформите во областа на судството се веќе почнати. Донесена е Стратегија за реформи во правосудството. Веќе се направени дел од измените на законите, но исто така ни претстои нов турнус на измени кои треба да опфатат дел закони за судство – Законот за судови кој се носи со двотретинско мнозинство, Законот за јавно обвинителство, Законот за судски совет… Законските текстови кои беа донесени за Законот за судови и за Законот за судски совет се веќе пратени во Венецијанската комисија, чекаме од нив мислење за она што досега е изменето и дали доследно се имплементирани препораките кои претходно беа дадени, рече Дескоска. 

Предвидени се и измени на Законот за јавно обвинителство кои што исто така е двотретински закон и бара поширок консензус за донесување и кој е дел од пакетот реформи.

Дескоска информираше и дека во Министерството за правда е формирана работна група која работи на измени на законска регулатива за спречување на корупција што ќе значи нов начин на формирање на Антикорупциската комисија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.