Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мета повика на одговорност и соработка, партиите со меѓусебни обвинувања

0
By Нова ТВ on June 27, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 27, 2018 21:08

Албанскиот претседател Илир Мета, реагираше по одлуката за одложување на почетокот на преговорите со ЕУ за јуни следната година, повикувајќи ги сите политички партии на концентрација, одговорност и соработка, за да го положат, како што изјави, испитот следниот јуни.

Тој додаде дека се добредојдени вчерашните заклучоци на Советот на ЕУ околу преговорите за членство на Албанија.

– Сите ние треба да ја поздравиме и да ја цениме позитивната волја со која, како Европската комисија, така и сите земји членки го сметаат за добредојден процесот на интеграција на Албанија и целиот регион во ЕУ. Овој пристап треба да не поттикне за фер и реалистичко читање на сериозните предизвици кои, особено во областа на владеењето на правото. Една година поминува брзо, исто како што од вчера помина еден ден. Нашиот испит во следниот јуни ќе биде многу тежок и строг, бидејќи самата Европска унија ќе го има својот изборен испит во исто време. Затоа ги повикувам сите за концентрација, одговорност и соработка, посочи Мета.

Наспроти пораката на шефот на државата двете најголеми политички сили, владејачката социјалистичка и опозициската демократска партија, за  не добивањето почеток на преговори, со меѓусебни обвинувања околу тоа кој е поголем виновник за тоа.

Лидерот на социјалистите и актуелен премиер Еди Рама, веднаш по соопштување на одлуката оцени дека тоа е голем успех на Владата, додавајќи дека резултатите од реформите ги натерале и скептиците да ги признаат заслугите на Албанија и на Македонија.

– По 72 часа помеѓу внатрешните бранови на ЕУ,  Албанија успеа да добие датум за влез во пристаништето на обединета Европа. Резултатите од нашите реформи ги натераа и скептиците да ги препознаат заслугите на Албанија и на Македонија. Добиена е една многу тешка битка,но војната продолжува, посочи Рама.

Тој го обвини лидерот на демократите Љуљзим Баша дека „работел Албанија годинава да не добие покана за преговори“ и оти здружената опозиција имала негатвно влијание врз одлуката на дел од земјите членки на ЕУ.

Според Баша за тоа дека Албанија не добила почеток на преговoри главен виновник е Рама, зашто  криминалот и корупцијата, во која е потоната Владата,  ја држат далеку од Европа.

Тој најави дека заедно со народот ќе реагираат за да оваа Влада си замине и на нејзино место дојде влада на сегашната опозиција, која ќе биде европска, која ќе ја „интензивира борбата против криминалот и корупцијата, за да го реализира членството на земјата во ЕУ“.

И третата по големина партија во земјата, опозициското Движење за социјалистичка интеграција, оцени дека „главен виновник што Албанија останала надвор од Европа е Рама и оти тој под итно треба да си оди“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.