НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Странски експерти за помош на домашните компании

0
By Нова ТВ on September 17, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Македонија ќе имплементира еден сериозен и значаен проект кој во својата суштина опфаќа обезбедување и ангажирање на докажани странски експерти и користење на нивната стручна помош од страна и во функција на потребите на компаниите во Република Македонија, соопшти денеска портпаролот Александар Георгиев.

Денеска започнува првата фаза од тој проект и во текот на денешниот ден Владата ќе објави Јавен повик за пројавување интерес за ангажирање на странски експерти од страна на домашните компании.

Повикот ќе трае 45 дена од денот на неговото објавување, значи некаде до почетокот на месец ноември и токму затоа, Владата на Република Македонија ги охрабрува и ги поканува компаниите од приватниот сектор да аплицираат на повикот за пројавување интерес за користење стручна помош од странски експерти од различни области како земјоделие, прехранбена индустрија, туризам, градежништво, текстилна индустрија, информатички технологии, финансии и други стопански дејности и сфери.

Компаниите кои имаат потреба од странски експерт ќе треба да ја наведат конкретната потреба за негов ангажман, во смисла делот од производствениот, услужниот или пак управувачкиот процес во кој е потребна експертиза, предметот за експертиза, интенцијата на користењето на експертизата и слично. Особено се охрабрува пријавување на интерес за користење на експерти од областа и сферата на технологијата на работа на компанијата и техничко-технолошкиот процес, кои би можеле да придонесат за поголема продуктивност, ефективност и ефикасност во деловниот потфат, во обезбедување на подобро производство и повисок принос, подобрување на дел од производниот процес како и повисока вредност и конкурентност на производите или услугите кои ги нуди компанијата.

Апликациите на оние компании кои ќе ги исполнат условите од огласот ќе бидат проследени до странските организации кои нудат експерти како техничка помош. За оваа цел Владата веќе има договорено соработка со специјализирани и стручни организации кои нудат експертска помош од Холандија и од Германија, а се чини веројатно дека ќе се обезбеди ваква соработка и со други организации од други земји, вклучително и од Соединетите Американски Држави. Доколку странската организација во својот регистар има експерт од областа или пак за потребата која ја побарува домашната компанија истиот ќе биде ангажиран.

Владата на Република Македонија ќе овозможи, во соработка со организациите кои нудат ваков вид на техничка помош, да бидат покриени целосните или значителен дел од средствата потребни за ангажирање на странскиот експерт. Во определени случаи минимален партиципативен надомест ќе може да биде потребен и од страна на домашната компанија која побарала ангажирање на странскиот експерт, но само со претходна согласност на самата домашна компанија и во сооднос на покривање на трошоците за ангажман на експертот кој ќе биде спогодбено дополнително определен. Избраните експерти ќе бидат ангажирани да поминат неколку недели во компаниите, да направат анализа, да дадат совети и мислења, да го контролираат процесот на работа на компаниите, да бидат консултирани за подобрување на работата и да се разменат искуства во сферата која е предмет на интерес.

За овој проект се направени првични консултации со стопанските комори кои даваат поддршка на проектот, а во следните денови владини претставници ќе одржат специјализирана средба со коморите за овој проект и во соработка со коморите ќе се обидеме да ја претставиме оваа можност до што поголем број на компании и да обезбедиме повисок одѕив на истите на повикот.

Условите кои компаниите треба да ги исполнуваат за да аплицираат на повикот за пројавување интерес се многу едноставни и тоа:

Да се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија и да имаат најмалку два последователни финансиски извештаи;

Да имаат 5 и повеќе вработени;

Да се обратат по писмен пат или електронски пат до Владата на Република Македонија со пополнета апликација за пројавување интерес.

Сите заинтересирани компании своите апликации, кои ќе бидат прикачени на интернет страната на Владата, со назнака „Пројавување интерес за користење стручна помош од странски експерти” да ги испратат во вид на писмен поднесок на адреса Влада на Република Македонија, бул. „Илинден” бр. 2, 1000 Скопје, или пак по електронски пат на специјализираната електронска адреса aplikacii@gs.gov.mk. Компаниите ќе може да ги достават своите апликации и со директно пополнување на апликација која ќе биде поставена на интернет страната на Владата vlada.mk и со самото пополнување автоматски во систем ќе бидат генерирани нивните апликации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.