Озлогласен криминалец избега со хеликоптер од затвор близу Париз, соопштуваат француските власти.
На Редоан Фаид му помогнале неколку тешко вооружени луѓе кои направиле диверзија на влезот од затворот додека хеликоптерот слетал во дворот.
Хеликоптерот летал до блиска област, а потоа од локалната полиција бил најден изгорен.
Фаид кој има 46 години, одлежувал 25-годишна казна затвор поради неуспешен обид за кражба при што еден полицаец бил убиен.
Ова е негово второ бегство од затвор, во 2013 година тој избега држејќи четворица стражари како заложници.
Во 2009 година тој напиша книга во која раскажува како било да се расте во париските криминални предградија.
Тој велеше дека му завртел грб на криминалот, но само година подоцна беше вмешан во неуспешниот обид за кражба.
Фаид е роден во 1972, во озлогласено предградие на Париз, каде што и ја започнал својата кариера како криминалец.
Во 1990 година станал водач на криминална банда која вршела грабежи низ Париз. Во 2001 година тој беше осуден на 30 години затвор поради вооружен грабеж.
Француската полиција верува дека тој е мозокот кој стои за грабеж од 2010 година, кога полицаец беше убиен.
Минатата година му беа пресудени уште 10 години затвор поради бегството од 2013 година.





