Во Домот за доенчиња во Битола е згрижено бебе кое било оставено пред Домот. Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека ноќеска речиси во 2 часот по полноќ, од страна на претставник на Центарот за социјална работа Битола и полициски службеници, во домот за дончиња во Битола било сместено женско новороденче кое било примено од страна на медициска сестра.
Новороденчето веднаш по приемот било однесено во Клиничката болница Битола на детален преглед при што било констатирано дека бебето е во добра здравствена состојба.
Министерството ги презема сите мерки во насока на заштита на новороденчето и обезбедување на соодветна грижа.