Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каква јавност – таков буџет

0
By Сашка Цветковска on September 18, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 18, 2013 12:48

Имав прилика директно од Холандија во живо да го следам претставувањето на буџетот за следната година. Сето тоа беше проследено со неколкудневно исчекување од обичниот холандски свет. Кога еден млад Холанѓанец ми рече, „Еј во вторник е буџетот“, си викам добро, човеков го интересира економија. Кога во рок од два дена, по тоа прашање ми се обратија неколку Холанѓани со истата доза на возбуда и исчекување небаре Холандија игра на Светско во фудбал, „проработе“ македонскиот мотор во мене и си реков „што им е на овие со буџетот“. Дури и за новинар, очигледно тешко беше да се „свари“ таа идеја дека обичниот свет во оваа држава едноставно го ИНТЕРЕСИРА како ќе се трошат неговите пари.

И така, Македонецот во мене се помири со судбината дека оваа вечер никој од моите холандски пријатели нема да биде друштво за пиво, па се приклучив и јас кон следењето на буџетот. Вечерните вести почнаа со пораката на владата која ја прочита кралот Вилем Александар.

Се разбира, Холанѓаните не би биле тоа ако и од буџетот не направат фешта. Возејќи се во златна кочија и мафтајќи им на луѓето одоколу, кралот пристигнува во палатата на витезите, фасцинантно здание од 13 век во Хаг, каде што холандскиот премиер нему прв му го презентира нацрт буџетот за следната 2014 година. Но, зад гламурот не може да се затскријат лошите вести за граѓаните – нови драстични кратења на социјалните бенефиции кои Холанѓаните ги уживаат со децении и децении. „Социјалната држава од 20 век е мртва“, им рече кралот на Холанѓаните во говорот кој за него е подготвен од кабинетот на премиерот. Пораката за редизајнот на холандското општество станува главна вест во сите домашни и светски медиуми.

Откако завршија новинарските извештаи околу церемониите со буџетот, започна графичкиот приказ на буџетските ставки. Морам да потенцирам дека сето ова го следев на првата програма на јавниот сервис во Холандија НОС. Едноставни, разбирливи и визуелно одлични графики се прелеваа низ студиото (помало од она на МТВ замислете) додека новинарката и водител на вестите објаснуваше кои се новините во буџетот, каде и колку ќе се крати, кои категории граѓани се најзасегнати, како тоа ќе одрази на стандардот, кои се разликите со ланскиот буџет…Па следеа тука и коментари за падот на стандардот, за кризата што го чека обичниот холандски човек, за маките кои допрва следат за социјално загрозените, пензионерите, мајките…

Просто да не ти се верува дека тоа така може на јавен сервис. Знам дека некои „колеги“ веднаш ќе ме обвинат дека сум злобна и љубоморна на нивните вознесни кариери, ама морам да забележам, да беше буџетов македонски, колегите од МТВ и нивните подружници во Сител, Алфа, Курир, Канал5 за 5 минути ќе не убедеа дека буџетот е супер, земјата иде напред, се остварува ли се остварува…И така, без срам и перде!

Туку, да не си правиме бајрам на паметот, да беше буџетов македонски ниту графици, ниту дебати, ниту прикази на трошоци ќе имаше. Ќе се кажеше некоја округла бројка, па каков раст бил проектиран и готово. Ќе пројдеше некоја дебата во Собранието која ќе се пренесеше селективно на медиуми и тоа би било тоа. А единствена асоцијација за буџет на граѓаните ќе им биде оној мрачен 24 Декември, 2012 година.

Да се вратиме на Холандија. Шоковите допрва следеа кога заврши дневникот. Повторно сме на јавниот сервис. Огромно студио, ма цел хангар. Во него куп народ. Пријателите ми објаснуваат дека тоа се граѓани. А во средина го имате премиерот на Холандија и сите лидери на опозицијата заедно со новинарот и водител. Фрчат прашања, напади од сите страни, граѓаните се вклучуваат со свои прашања, пријателиве ми викаат незгодни прашања. А ја таман помислив дека Марк Рут си нарачал некои фини граѓани, административци од штабче да му поставуваат исто така фини прашања или да ја напаѓаат опозицијата…ама не, упорни Холанѓаниве да спроведат вистинска дебата за буџетот. А и што да се очекува од државата во која на граѓаните гласачките ливчиња им стигаат по пошта. И така, два часа се потеше премиерот и таман помислив дека ова е крајот, следеше нова емисија. Пак премиерот гостин, пак на јавниот сервис, овојпат со двајца водители. Фини, тивки господа кои елегантно го „черечеа“ (барем од она што ми се преведуваше мене како гостинка).

Пустиот премиер до полноќ седеше и се објснуваше. Не му е лесно. Драстични кратења на социјалните бенефиции, повисоки акцизи, кратења на непродуктивните трошоци, администрацијата, војската, јавност која точно знае што ќе донесе буџетот, а не манипулирана јавност и битка за освојување на пратеници од опозицијата кои ќе го поддржат неговиот буџет во парламентот бидејќи тој го нема потребното мнозинство. Ако на сето ова се додаде дека мерките на Рут можеби се неопходни, но не е популарни, извесен е и падот на неговиот рејтинг.

Каква врска има ова со Македонија? Никаква. Една Холандија штеди во криза, крати социјала, администрација, не им паѓа на ум да земат и мртви ладни да се впуштат во градежни зафати и што е најважно не само што дебатираат, туку имаат и заинтересирана јавност на која и се важни тие дебати, јавност на која и се важни парите во буџетот кој тие го полнат и јавност која ќе го осуди на политичка смрт секој оној кој ќе се обиде да им ги ускрати дебатите и информациите. Затоа Марк Рут се потеше под рефлектори со саати, па колку год било тешко. И затоа, во Холандија сепак се живее далеку и далеку подобро од Македонија, а ние можеме колку сакаме да се залажауваме и занесуваме дека нашава екомонија ѓоа гази, растура, ги шие европските , па тоа растови, инвестиции….Да, да…Приказни за мали деца, сосема соодветни на незрелата јавност.

П.С. Само да потсетиме дека вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски се уште ја нема поднесено завршната сметка од ланскиот буџет. Рокот беше 31 Мај. Месеците си врват, а Ставревски нешто и не е многу насекиран….

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.