НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Писмa со заканувачка содржина испратени до пратениците

0
By Нова ТВ on July 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утрово во Собранието пристигнале писма до пратениците со заканувачка содржина. Пратеничката Ивана  Туфегчиќ на фејсбук објави дека писмото е потпишано од непознато здружение за борба за еманципација и права на жени, а почнува со „Ние – македонскиот народ“. Потписниците се закануваат со затвор доколку пратениците повторно гласаат за ратификација на договорот со Грција кој е денеска во трето читање.

„Ви доставуваме на ваше внимание, текст кој што веќе е објавен во медиумите и јасно ги отсликува одговорноста и последиците од вашето гласање на Законот за ратификација на Договорот помеѓу Грција и „другата страна“ (Македонија). Ви подвлекуваме дека гласањето За, повлекува кривична одговорност, ќе предизвика немири во Државата кои што неминовно ќе доведат до предвремени избори на кои што нема повеќе да бидете во Парламент, а многу извесно дека ќе завршите во затвор“, стои во писмото.

Туфегчиќ вели дека содржината на писмово е во најмала рака непристоен притисок на слободното уверување на пратениците.

„Притисокот за одредено гласање е легитимно право на граѓаните, меѓутоа кога во содржината ќе напишете “ќе има немири, па избори и ќе одите во затвор” нејасно е што сака писателот да постигне. И еве бидејќи толку се љубители на правото дел од член 64 од Уставот на Република Македонија: “Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието”. Апсолутно немам никаков проблем со било чив искажан став по однос на Договорот со Грција меѓутоа сите, особено оние кои се интелектуалци и кои профилираат во јавниот дискурс треба да се свесни за тежината и одговорноста за зборовите кои ги искажуваат бидејќи предизвикуваат нетрпеливост и конфузија меѓу граѓаните.  Здрава дебата може и мора да се води без шпекулации, наведување, манипулации, клетви во интерес на крајот на денот на оваа држава и нејзините граѓани“, порачува Туфегчиќ.

Договор со Грција закани пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.