Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тања Лепческа и Златко Димовски младоженци на Галичка свадба 2018

0
By Нова ТВ on July 5, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 5, 2018 16:01

Тања Лепческа и Златко Димовски се младоженци на годинешното 45. издание на Галичката свадба, што ќе се одржи од 13 до 15 јули во преубавиот амбиент на селото Галичник на Бистра планина.

Александар Костиќ претседател на Месната заедница „Галичник“, која е организатор на манифестацијата изјави дека се горди што Галичката свадба од Агенцијата за поддршка на туризмот беше прогласена за најуспешна туристичка манифестација за минатата година, а од Њујорк Тајмс и Нешнл Џиографик за најтрадиционален свадбен фестивал во Европа.

„Овие признанија се само уште една причина Галичка свадба да продолжи да го негува македонското културно богатство и да биде негов промотор во целиот свет“, рече Костиќ, кој годинава најави збогатени содржини за посетителите на манифестацијата со учество на голем број познати уметници.

Покровител на манифестацијата годинава е премиерот Зоран Заев. Во негово име на младоженците среќа и бериќет и незаборавни свадбарски денови им посака министерот без ресор Роберт Поповски.

„Честитам што успеавте на тендерот за младенци вие да добиете. Галичката свадба е една од најспектакуларните културни манифестаџции во РМ. Владата во континуитет ја поддржува Галичката свадба и верувам и очекувам дека таа поддршка ќе продолжи да се зголемува затоа што манифестацијата од година во година добива во квалитет, а тоа го потвдуваат и заинтересираноста на светски тв куќи. Галичник е епицентарот на македонската култура, традиција, обичаи, култура уметност низ вековите“, рече Поповски кој и самиот е од Галичник.

На младоженците честитки им упати и Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара која традиционално ја поддржува манифестацијата, затоа што вели, е бренд за традиционални вредности.

Дваесет и девет годишната Лепческа изјави дека е особено среќна што е избрана за невеста, затоа што и самата учествувала во ова манифестација од својата петта година и ја смета за најавтентична и најтрадиционална свадба на сите простори. Избрани биле во конкуренција од четири пара.

Димовски, пак, вели добро се подготвил и ги научил свадбарските обичаи кои се карактеристични за галичката свадба. Двајцата работат во приватни компании и живеат во Скопје.

Свадбарските обичаи ќе започнат во сабота на 14 јули, со поставување на свадбарското знаме, а судбоносното „да“ ќе го кажат во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ в недела. Посетителите ќе можат да проследат над 30 обичаи кои што ќе се изведуваат за време на свадбарските денови.

На манифестцијата учество ќе земат околу 100 статисти облечени во автентични галички носии, КУД со околу 30 учесници, коњица и коњи со техничката поддршка, односно вкупно околу 250 луѓе. Со Галичката свадба започнува и Галичкото културно лето кое официјлно ќе биде отворено на 13 јули на платото пред чешмата Упија со настап на Влатко Стефановски и оперската певица Весна Ѓиновска Илкова и групите „Тоа е тоа“ и „Бенд Офф“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.