Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дете со посебни потреби не добило апаратче за слух поради штетен Закон

0
By Нова ТВ on July 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 6, 2018 16:33

Петгодишно дете со посебни потреби и 90 отсто оштетен слух  не добило батерии за апаратче за слушање бидејќи неговите родители немале здравствено осигурување без прекин од шест месеци. Неговата мајка по прекинување на работниот однос се пријавила во Агенцијата за вработување но тоа не помогнало а не помогнало ниту тоа што таткото во меѓувреме засновал работен однос и е здравствено осигурен.

„На детето му се вградени импланти и секој месец треба да добива батерии за слушниот апарат за да може да комуницира и да му се развие говорот. Станува збор за детенце од 5 години, кое дури сега почнува да зборува“ вели заменик Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

Бајрамовска ја спомена и претставката која ја добиле од човек кој имал мозочен удар, кога бил вработен, но не може да добие паричен надомест за боледување  поради тоа што немал шест месеци здравствено осигурување во континуитет.

„Ваквите ограничувања се на штета на граѓаните“ рече заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска.

Таа кажа дека веќе доставиле допис до министерот за здравство Венко Филипче и побарале да се измени штетната одредба во  Законот за здравствено осигурување, а која ги условува  граѓаните  со шестмесечно непрекинато здравствено осигурување за остварување на правата за ортопедски помагала но и за други права кои им се гарантирани со  закон.

„ Доставивме иницијатива со предлог за преземање мерки за измена на Законот за здравствено осигурување, аналогно на тоа и на Правилникот за користење на ортопедски помагала кој содржи одредба која е на штета на граѓаните и ги условува со шестмесечно непрекинато здравствено осигурување за остварување на права на ортопедско помагало“ кажа  Бајрамовска – Мустафа.

Таа рече дека многу често се случува граѓаните, особено децата да бидат оштетени со оваа законска одредба предвидена и во Законот и во Правилникот.

 

 

 

 

 

Бајрамовска Закон за здравствена заштита ортопедски помагала Филипче
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.