НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина македонскиот пејач Влатко Илиевски

0
By Нова ТВ on July 7, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот пејач Влатко Илиевски доцна синоќа е пронајден мртов во автомобил во Скопје.

Според информациите Илиевски бил најден во моторно возило марка „Тојота“ на Булеварот „Трета Македонска бригада“.

Од полицијата за НОВА ТВ ја потврдија информацијата и велат дека на местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.

Смртта на Илиевски е заведена и во официјалниот билтен на МВР.

„На шести јули 2018 година околу 23 часот во Скопје, на улица „3 Мак.Бригада“, во патничко моторно возило “Тојота“ пронајден е починат В.И (33) од Скопје. Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“, пишува во Дневниот билтен на МВР.

Од полицијата за сега немаат информации кои се точните причините за смртта.

Од Основното јавно обвинителство Скопје соопштија дека се работи на откривање на причините за смртта на Илиевски.

„Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење. Возилото е запечатено и исто така е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта“, пишува во соопштението на ОЈО Скопје.

Седум часа пред да биде пронајден мртов, Илиевски на својот фејсбук профил ставил своја фотографија и напишал „шарене пилиле за лилуле“ цитирајќи дел од песна на познатиот српски пејач Бајага.

Илиевски е дипломиран актер но попознат е по музиката. Ќе остане запаметен по неговите песни “Панично те сакам”, “Скопје”, “Ти си”, “Ова е Македонија”, “А ти ме убиваш” (сите со групата „Морал“) “Не те можам”, “Taка требало да биде”, “Се што сакав после тебе”, “Сите ми се криви”, “Гушни ме”, “Скитник”, “Најбогат на свет“, со која освои награда на Радискиот фестивал 2009 година. Во неговата дискографска кариера ќе останат запишани и хитовите “За љубов се пее до крај” со која освои награда на „Охрид фест“ 2009 година како и „Работнички шампионе”, „Есен“ и  “Среќа” со која го освои второто место на „Скопје фест“ 2010 година.

Објавил два самостојни албуми а во 2011 година со песната „Русинка“ ја претставуваше Македонија на Изборот на песна за Евровизија во Дизелдорф, Германија.

Илиевски беше и водител на детскиот фестивал „Златно славејче“.

Пет дена пред неговата смрт, на втори јули Илиевски го прослави својот 33 роденден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.