Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Пржинската влада“ го блокира изборот на ДИК

0
By Соња Петрушевска on July 9, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 9, 2018 16:48

Изборот на членови на Државната изборна комисија е блокиран, а преговорите меѓу партиите се очекува да продолжат следната недела по Самитот на НАТО. Главната пречка за договорот за ДИК  е „пржинската влада“ на која сега инсистира ВМРО ДПМНЕ, а СДСМ се противи.

Двата услови кои ги испорача опозицијата, пред да биде комплетиран новиот состав на комисијата која ќе треба да го спроведе и референдумот за Договорот со Грција, се прво, да бидат изгласани Законот за финансирање на партиите, но и Законот за Влада во кој би се вратил моделот на „пржинска влада“ пред одржување на парламентарните избори.  За власта ваквото условување е неприфатливо и ја обвинуваат опозицијата дека „бега од референдум“.

Претседателот на комисијата за избори и именувања Илија Димовски на која треба да се изберат членовите на ДИК,  вели дека „изборот на составот на  комисијата без согласност од сите партии ќе биде мртвороденче, зашто треба да биде потврден и од Собранието со двотретинско мнозинство“. Рокот за избор на ДИК, е веќе пробиен.

Мицкоски: Пржинска Влада до влезот во ЕУ

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју за Ал Џазеира обајснува дека тие бараат 100 дена пред одржување на парламентарните избори да има смени не само на премиерската функција, туку и во други министерства како што беше пред изборите во декември 2016 година. Ваквиот модел би важел се до влезот на земјава во ЕУ, до кога оценуваат дека би се „создале услови за доверба во изборниот процес“.

Потпретседателката на Владата Радмила Шеќеринска вели дека е несериозно да се блокира формирањето на ДИК за кој е постигнат меѓупартиски договор и на тој начин да се бега од референдумот во кој сите се „крстеа“ и го најавуваа. Новиот начин на избор на членови на ДИК беше усвоен со консензус токму по барање на ВМРО ДПМНЕ – партија која го доби и местото претседател на комисијата. Шеќеринска додава дека е неприфатливо сега да се бара „пржинска влада“ кога претставниците на ВМРО ДПМНЕ за време на преговорите во Пржино се противеле овој модел да биде законско решение и да важи и во други случаи кога има политичка криза.

„Кога ние баравме тоа да стане системско решение, од ВМРО-ДПМНЕ беа против. Според сегашното законско решение, само премиерот треба да се повлече од функцијата 100 дена пред изборите и оваа функција треба да ја извршува технички премиер“, вели потпретседателот на Владата Радмила Шеќеринска.

Пред изборите во декември 2016, партиите постигнаа Договор со кој Груевски се повлече од премиерската функција и го замени Емил Димитриев, за министер за внатрешни работи беше избран Оливер Спасовски, во труд Фросина Ременски, а СДСМ , исто така добија и заменички места во финансии, информатичко општество и во ресорот земјоделие.

Седница за избор на составот на ДИК е закажана за 17 јули. Од изборот зависи кога ќе биде закажан рефрендумот за Договорот со Грција, кој е планиран за крајот на септември или почетокот на октомври.

„Постојат можности за одложување, но тоа ќе биде стратешки штетно. Оние кои ќе го блокираат процесот ќе имаат историска одговорност, се надевам дека разумот ќе надвладее. Ако го водиме процесот за да го блокираме – тешко ќе ги исполниме роковите“, вели Шеќеринска.

Нема амнестија за 27 април, посебно не за нарачателите

Мицкоски во интервјуто вели дека изборот на членови на ДИК нема да го условуваат и со амнестијата за настаните од 27 април, но остануваат на тоа дека амнестија треба да има.

За власта, барањето за амнестија е неприфатливо, посебно за насилниците кои упаднаа во Собранието.

„Секогаш има членови во ВМРО ДПМНЕ кои се подготвени да условуваат со амнестија – ако нема амнестија -нема ЕУ, ако нема амнестија – нема НАТО. Амнестијата посебно не е прифатлива за оние кои ги нарачаа случувањата на 27 април и Македонија повеќе не може да биде заложник на истите групи“ кажа Шеќеринска.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ најавува дека предлог законот за амнестија прво ќе го достави до партиските тела, а потоа и до Собранието, но не кажа кога.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.