Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва седница на новата британска Влада – Меј се обидува да излезе од кризата

0
By Нова ТВ on July 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 10, 2018 18:28

Британската Влада денеска ја одржа својата прва седница, по вчерашните оставки на двајцата клучни поборници на излегувањето на Велика Британија од Европската Унија – министерите за надворешни работи и Брегзит, Борис Џонсон и Дејвид Дејвис.

Премиерката Тереза Меј претседаваше со новиот состав на Владата, во кој местото на Џонсон го зазема Џереми Хант, а тоа на Дејвис – Доминик Раб.

Според германската новинска агенција ДПА, Меј засега успеала да ја стабилизира Владата, а дури успеала да одвои време за да и изрази поддршка на англиската фудбалска репрезентација пред утрешниот полуфинален натпревар со Хрватска на Светското првенство во Русија.

Единствениот преостанат истакнат поддржувач на Брегзитот, кој се уште е во Владата, министерот за екологија Мајкл Гоув, изјави дека 100 процентно стои зад Меј и зад предлогот што таа го претстави во петокот на средбата на владиниот кабинет во резиденцијата Чекерс.

Токму планот од Чекерс ги предизвика оставките на Дејвис и Џонсон, како и на низа пониски функционери во Владата. Џонсон предупреди дека со овој план, идејата за Брегзит умира, а дека Британија ризикува да стане колонија на Европската Унија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој е на пат кон Брисел каде треба да учествува на Самитот на НАТО пред да ја посети Велика Британија, изјави дека Борис Џонсон е негов пријател и дека можеби ќе се сретнат во Лондон.

– Тој секогаш беше многу љубезен кон мене, многу ме поддржуваше и можеби ќе разговарам со него додека сум таму, изјави Трамп, дополнително подгревајќи ги шпекулациите дека Џонсон може да се кандидира да ја замени Меј на премиерската позиција.

Еден од најчитаните британски весници „Сан“ ја обвини премиерката Меј дека направила сериозни грешки во низа и дека ја довела Конзервативната партијата и земјата во состојба на хаос.

Меј лани свика предвремени парламентарни избори, надевајќи се дека ќе поентира во услови на поделеноста во опозициската Лабуристичка партија, но гласачите на изборите го намалија мнозинството на конзервативците во Парламентот, што дополнително ја ослабна позицијата на Меј во тешките преговори со Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.