НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Власта и опозицијата со заедничка декларација за преговорите со НАТО

1
By Соња Петрушевска on July 12, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратениците од власта и опозицијата кои се членови на собраниската комисија за одбрана и безбедност ќе предложат да биде усвоена декларација за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО.

На координативниот состанок на членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, кој се одржа денеска сите претставници на парламентарните групи дадоа согласност.

„Очекуваме дека оваа декларација ќе биде со акламација усвоена на седницата на Собранието следниот вторник, на 17 јули, изјави денеска претседателот на собраниската Комисија за одбрана Хари Локвенец.

„Секогаш вакви декларации и  резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ.ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина рече координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Драган Данев.

За декларацијата ќе се гласа на седницата закажана за 17 јули. На оваа седница требаше да се гласа и за новиот состав на Државната изборна комисија, но изборот на комисијата и натаму е блокиран.

 

Локвенец вели дека Законот за финансирање на партиите со кој ВМРО ДПМНЕ го условува изборот на ДИК е усогалсен, но за СДСМ  е неприфатливо барањето на опозицијата за „пржинска влада“ која би се формирала пред секој парламентарни избори се до влезот на Македонија во ЕУ. Во актуелниот Закон за Влада, пишува дека само премиерот ќе отстапи од својата позиција 100 дена пред одржување на изборите, а опозицијата бара да има смени и во други министерства со кои би раководеле членови од сегашната опозиција.

 

„Зборуваме за Законот за Влада и се спомнува некаква „пржинска влада“. Сите бевме сведоци за потребата од носењето на една таква одлука за воведување на предизборна пржинска влада. Пржинската влада ја исполни својата улога и својата функција. После пржинската влада имавме два циклуси на избори – парламентарни и локални кои од сите релеватни фактори беа оценети на највисоко демократско ниво, рече Локвенец.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека со „пржинската влада“ ќе се врати довербата во изборниот процес и не отстапуваат од своите барања. Роковите за избор на ДИК се веќе пробиени. Секое одолговлекување на изборот го доведува во прашање и одржувањето на рефрендумот. Министерката за правда Рената Десковска денеска предупреди дека „секое доцнење со формирање на Комисијата, може да значи и недоволна подготвеност новоизбраните членови да ги спроведат сите активности што се неопходни за рефрендумот“.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.