Published: Friday, July 13, 2018 12:38
Вкупно 204 луѓе загинаа во поплавите во Јапонија, а 54 лица се водат како исчезнати, соопшти генералниот секретар на владата, Јошихиде Суга.
Над 7.000 луѓе се наоѓаат во центрите за евакуација, недостасуваат и основни намирници по најголемата временска катастрофа во последните 40 години.
За спасување на населението ангажирани се над 70 илјади војници, полицајци и пожарникари, на кои им се приклучија и 5.000 волонтери. Најмногу настрада Хирошима, каде што е урнат железниќки моста, како префектурата Ехиме на островот Шикоку.





