Марјан Забрчанец, советник за односи со јавност во Владата, напиша на „Фејсбук“ дека уметниците биле запознаени со поводот за нивен настап оваа сабота- “Македонија и граѓаните со право, гордо и чесно ќе го прослават историскиот успех, поканата за членство во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ.
Да, ова се историски успеси, ова се победи за демократијата во Македонија и заслужуваат прослава како никогаш до сега. Кога ако не сега?“
Тој вели дека ова не се настани како тие на ВМРО-ДПМНЕ, кога, како што додава, единствената намера била да се мобилизира партиска поддршка и да се манипулира со граѓаните.
Тој потенцира дека сите изведувачи имале потпишано договор со Владата на кој експлицитно стои за каков настан станува збор, односно дека тие ќе настапат на музички настан по повод поканата на НАТО за членство на земјата во алијансата.