Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев:Русија да биде свесна-Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО

0
By Нова ТВ on July 17, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 17, 2018 11:34

Русија треба да биде свесна дека нема алтернатива за Република Македонија освен полноправно членство во Европската унија и НАТО. Македонската Влада не само што сака да ја потврди соработката со Руската Федерација, туку сака и да ја унапреди.

Ова го порача денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната реакција на Руската амбасада на неговата изјава за финансирање на протестите во Македонија од страна на некои бизнисмени од Русија.

„Јас само коментирам факти и изјави што допреле до мене од извештаите кои ги знам, со конечна цел да се прекине пријателството кое го градиме. Притоа знаат сите, треба да знае и Руската Федерација дека нема алтернатива за Република Македонија освен полноправното членство во Европската Унија (ЕУ) и НАТО. Ние сме мала земја со пријатели, без непријателства секако имаме поголеми шанси за нашите перспективи“, рече Заев по завршувањето на 79 владина седница на која присуствуваше и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Со доаѓањето на Хан во Скопје и со одржувањето на 79 седница на Владата денеска и официјално започна процесот на проверка на спроведување на реформите (така наречен скрининг процес) за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ што треба да се случи во јуни 2019 година.

Граѓаните да излезат на референдумот за да не се случи БРЕГЗИТ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан истакна дека вратите на ЕУ за Македонија се ширум отворени и само од нејзините граѓани зависи дали тоа ќе го искористат или не.

„Народот покажа отпор и издржливост, станавте земја за пример во регионот и модел како и останатите да ги решаваат своите билатерални проблеми. На вас е да одлучите за иднината на вашата земја, на еден слободен и суверен начин. Граѓаните треба да ја донесат конечната одлука. Ги поттикнувам граѓаните да учествуваат на референдумот, особено младите. Имавме случаи како во Велика Британија, каде младите луѓе не излегоа на референдумот за Брегзит и беше донесена одлука која не ги отсликува нивните ставови. Се работи за вашата земја за вашата иднина. Ги повикувам сите засегнати страни да го прифатат ова како над партиска цел и конструктивно да се вклучат. Ова ќе донесе реална корист за народот. Европската перспектива ги подобрува условите за живот на граѓаните во земјата и тоа е она што е најважно “, рече Хан на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Хан го поздрави Договорот со Грција и рече дека „сите сме понесени од него но има уште многу прашања на кои треба да се работи“.

Договорот со Грција е добар но има уште многу да се работи

Владата на денешната седница донесе одлуки со кои започнува скрининг процесот за подготовка за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

„Денеска со еврокомесарот Хан ги дефинираме следните чекори на скрининг и подготовка за преговори. Утврдивме заедничка динамика на преговорите со поставување на структурата за преговори од наша и од нивна страна. Денеска Хан го претстави начелниот план за скринингот, а ние донесовме заклучоци“, истакна премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конфренција со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Таа го задолжи Секторот за евроинтеграции (СЕП) заедно со Министерството за надворешни работи (МНР) до крајот на јули да подготват предлог концепт за преговорите со ЕУ.

Еврокомесарот Хан појасни дека скринингот опфаќа темелни активности што ги спроведува Комисијата и тие се подеднакви за сите земји кандидатки.

„Ова е резултат на минатомесечната Спогодба на Македонија и Грција со која се затвори билатералниот спор за името долг 27 години кој има огромна меѓународна поддршка, бидејќи е важна за мирот и стабилноста не само на регионот туку и на цела Европа“, рече Хан.

Ќе се врши скрининг на повеќе области, меѓу кои и клучните – владеењето на правото, судството, борбата против корупцијата, безбедносните и разузнавачките служби, јавната администрација.

Како што веќе најави премиерот Зоран Заев минатата недела за 33. поглавја за Македонија, Владата ќе треба да формира 33 работни групи во кои ќе се ангажираат над илјада луѓе од сите релевантни институции, Собранието, судството, граѓанскиот сектор, медиумите. Претстои и формирање на тимови за преговори.

За главен преговарач е назначен вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, а за технички преговарач советникот на премиерот Заев, Бојан Маричиќ.

Скринингот е процес со кој се проверува нивото на подготвеност на земјата да води преговори за членство во ЕУ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.