Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата предлага ДИК наместо со 81 да се бира со 61 пратеник

5
By Соња Петрушевска on July 17, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 17, 2018 13:13

Владата до Собранието денеска доставила измени на Изборниот Законик кои треба да се донесат по скратена постапка, дознава НОВА ТВ.

Со измените се предлага изборот на членови на Државната изборна комисија (ДИК) да се избираат со просто мнозинство од 61 пратеник, а не со двотретинско мнозинство како што беше до сега.

НОВА ТВ дознава дека предлог-измените поминале на денешната  владина седница и веќе се пристигнати во Собранието.

Според нашите информации, се очекува предлогот на Владата да биде ставен на дневен ред на денешната седница на Собранието што беше закажана за 12 часот.

Измените на изборниот Законик стигнуваат откако ВМРО-ДПМНЕ го услови изборот на членови на ДИК со усвојување на Законот за финансирање на политичките партии како и со формирање на техничка Влада.

Поради ова формирањето на ДИК за сега е блокирано. Рокот за избор на членови на оваа Комисија истече пред две недели.

Формирањето на ДИК е клучно затоа што ДИК е надлежната институција која што треба да го спроведе референдумот најавен за крајот на септември или почетокот на октомври 2018 година.

Како што најави денеска премиерот Зоран Заев утре треба да се одржи лидерска средба на која што главна тема ќе биде прашањето за референдумот.

Во декември минатата година осуммина од девет членови на ДИК поднесоа оставки откако во јавноста беше обелоденето дека си поделиле високи надоместоци за својата работа за време на локалните избори во октомври 2017 година и последните неколку изборни циклуси.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.