НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напаѓачите на Саздо ќе одговараат за „Убиство на свиреп начин“

1
By Нова ТВ on July 17, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: Фејсбук профил на Никола Саздовски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) денеска соопшти дека напаѓачитена Никола Саздовски член на навивачката група „Комити“ ќе одговараат за кривично дело „Убиство на свиреп начин“.

„По преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во предметот против трите лица осомничени за кривичното дело извршено на 29 јуни 2018 година при кое почина лицето Н.С., изврши преквалификација на кривичното дело за кое до сега се водеше истражната постапка“, соопштија денеска од ОЈО Скопје.

Ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка беа сослушани двајца од тројцата уапсени напаѓачи, беа испитани сите сведоци што можеше да ги обезбеди полицијата како и по доставувањето на резултатите од обдукцијата од страна на Институтот за судска медицина и изготвеното судско-медицинско вештачење.

„Ова вештачење беше доставено во обвинителството на 16 јули 2018 година и од него неспорно произлегува динамиката на кривично-правниот настан во смисла на видот и карактерот на здобиените повреди кај лицето Н.С., а се утврдува и причинско-последичната врска на нанесените повреди и нивното влијание на смртниот исход. Одлуката за преквалификација на кривичното дело можеше да се донесе само откако јавното обвинителство ги обезбеди сите релевантни докази, меѓу кои и судско медицинското вештачење, и откако ги утврди фактите кои произлегуваат од тие докази“, велат од ОЈО Скопје.

Од таму уште информираат дека истражната постапка против тројцата осомничени ќе продолжи за кривичното дело убиство сторено на свиреп начин.

Пред да биде донесена одлуката на јавниот обвинител, двајцата осомничени кои се наоѓаат во притвор во Затворот Скопје ќе бидат доведени пред надлежен јавен обвинител за да дадат своја одбрана за новото кривично дело за кое се осомничени. Воедно, надлежен јавен обвинител во текот на истражната постапка, продолжува да презема и други истражни дејствија, меѓу кои ќе издаде и наредба за медицинско психијатриско вештачење на двајцата осомничени.

За третиот осомничен кој се’ уште е недостапен ќе биде распишана домашна и меѓународна потерница.

Имено, наместо за кривично дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата осомничени ќе се води истражна постапка за кривично дело „Убиство извршено на свиреп начин“ од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

За ова кривично дело е предвидена казна затвор од најмалку десет години или максималната казна доживотен затвор.

Веднаш по нападот врз Никола Саздовски, Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против тројца осомничени за кривично дело „Насилство“ повикувајќи се и на членови на Кривичниот законик во кои беше предвидена и отежителната околност тешка телесна повреда.

По смртта на Саздовски, навивачката група „Комити“ организраше протестен марш на кој побараа „правда за Саздо“ и „казна за сторителите“.

Никола Саздовски беше претепан од тројца скопјани на 29 јуни и по десет дена поминати во кома почина на една од скопските клиники.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.