НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државната каса во 2014 – 2,8 милијарди евра

0
By Нова ТВ on September 20, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата го утврди предлог-буџетот за 2014 година и подготви ребаланс на буџетската каса за оваа година кои денеска ќе бидат доставени до Собранието на Република Македонија.
Предложениот буџет за наредната година предвидува раст на капиталните инвестиции за 20 проценти, а со ребалансот се врши пренамена на две позиции.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на денес појасни дека станува збор за мини ребаланс со кој се додаваат средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата и дополнителни средства се префрлаат во Министерството за образование и наука во износ од 430 милиони денари потребни за опремување на лабораториите.

„Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот“, изјави министерот и додаде дека со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која оди добро и во првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари предвидената реализацијата.

Кај другите ставки во Буџетот за 2013 година позначајни промени нема и другите позиции остануваат во рамки на проектираното. Според него, другите ставки се веќе претходно скретени, односно, како што рече, направено е домаќинско работење во делот на тековните расходи.

Буџетот во наредната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 200 милиони, а буџетскиот дефицит 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. И на приходната и на расходната страна има зголемување за 7 проценти во однос на годинашниот буџет.

– Вкупниот износ на капитални инвестиции е 22,5 милијарди денари и е за 20 проценти повеќе од оваа година. Ако за 20 проценти се зголемат капиталните инвестиции сметам дека тоа е најдобар одговор дали е променета структурата и дали оди во насока на развој.

Нема да најдете држава во Европа што во една година ги зголемува капиталните инвестиции за 20 проценти, вели вицепремиерот и додаде дека е значајно што Владата и во вакви околности на криза во Европа одвојува за 20 проценти повеќе средства за капитални инвестиции кои, пак, ќе овозможат раст на економијата.

Од вкупните капиталните инвестиции предвидени се 3,4 милијарди денари за патната и железничка инфраструктура, за образование, детска заштита и спортот 2,4 милијарди денари или 11 проценти од вкупните капитални инвестиции, за изградба на јавни здравствени установи, односно за Клиниката во Скопје и за во Штип 1,9 милијарди денари, за енергетски и комунални инфраструктура 1,3 милијарди денари или шест отсто од вкупните капитални расходи, и за израдба на технолошко индустриските развојни зони предвидени се 505 милиони денари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.