НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандалот Бенала се продлабочува, Макрон на удар на јавноста

0
By Светлана Јовановска on July 22, 2018 ВЕСТИ
Бенала го следеше Макрон на сите настани.
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скандалот не само што не се смирува туку од ден на ден се продлабочува. Францускиот претседател Емануел Макрон е на удар на острите критики на јавноста, медиумите, Парламентот поради обидите да го заштити неговиот личен телохранител откако беше откриено дека тој брутално нападнал демонстрант на 1 мај годинава. И државното обвинителство отвори истрага за настанот.

Скандалот избива на 18 јули кога весникот Ле Монд објавува видео на кое се гледа Александр Бенала, еден од личните телохранители на претседателот, со полицајска капа напаѓа двајца од учесниците на протестот на 1 мај. Негова задача била да ја набљудува интервенцијата на полициските сили на овој протест. Наместо тоа, тој не само што се претставил како полицаец туку и влече една жена по асфалтот и брутално тепа еден маж.

Бенала во петокот беше приведен, заедно со уште тројца полицајци учесници во тепањето. Но, обидот на Макрон да го премолчи случајот пред јавноста предизвика бура реакции и фрлаат сомнеж во начинот на којшто функционира Елизејската палата и блиските соработници на претседателот.

По објавувањето на видеото, новинарот на Ле Монд побарал реакција од Елизејската палата и му било одговорено дека Бенала бил санкциониран поради тоа однесување со 15 дена суспензија. Оваа санкција, вели Ле Монд, не само што е многу лесна туку таа имала за цел никогаш да не биде објавена пред јавноста. Тоа кај новинарите фрли сомнеж за начинот на кој функционира врвот на државата.

Дури по два дена од објавувањето на овој скандал, претседателот Макрон конечно се решава да го отпушти Бенала. Француските медиуми велат дека тоа требало да биде направено уште во мај кога било констатирано насилничкото однесување на телохранителот. Освен тоа, медиумите откриваат дека профилот на Бенала, сомнителните лица со кои тој е близок и неговите методи одамна требало да му стават на знаење на Макрон дека овој човек нема свое место во Елизејската палата.

Министерот за внатрешни ќе сведочи во понеделник и вторник во парламентарните истраги

Задоцнетата реакција на Макрон со отпуштањето на Бенала и неговото молчење, само дотурија масло врз скандалот па така Парламентот отвори истрага. Во понеделник го покани министерот за внатрешни работи Жерар Коломб да сведочи а во вторник тој ќе мора да сведочи и пред Сенатот поради пропустите што довеле до злоупотреба да позицијата на претседателски телохранител.

Во меѓувреме Макрон останува нем за овој случај и арогантно одбива да одговори на новинарските прашања.

Според лидерот на француската опозиција од десницата, обидот на Макрон да го сокрие случајот станува државен проблем. Лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен изјави вчера дека ако Макрон не објасни што се случило во “случајот Бенала, тогаш тоа ќе стане случај Макрон” а лидерот на радикалната левица Жан- Лук Меланшон случајот го спореди со американскиот Вотергејт и го обвини претседателот дека “организира приватна милиција”.

Згора на тоа, пратениците од движењето Макрон се спротивставија на барањето на пратениците од другите политички групи за отворање пред јавноста на парламентарната истрага за овој случај. Но другите пратеници инститираа сведочењата пред Парламентот да бидат отворени на јавноста.

Француските медиуми потсетуваат дека една од основните заложби на Макрон, за време на неговата кампања во 2016 година, било токму да се реформира начинот на владеење во Елизејската палата и одговорното владеење да биде пример за сите други нивоа на власта. Аферата Бенала се претвора во криза.

“Имаме власт која, очигледно, одбра да штити едно лице поради неговата блискост на првиот круг на “Макронија” и со презир гледа врз почитувањето на законот и правилата. Ова открива серија проблеми во Елизејската палата кои имаат реперкусии во низа”, вели Ле Монд и додава дека министерот за внатрешни Коломб и неговите високи функционери, кои биле во тек со настанот, не го известиле судството а молчела и париската полиција која исто така била во тек. Според Ле Монд, Макрон владее на хипер-централизиран начин во кој најважно е да се биде лојален.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.