Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Викендов на МОТ

0
By Нова ТВ on September 20, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 20, 2013 17:30


На 21.09.2013 (сабота), во 17:00ч, во Македонскиот народен театар (МНТ), ќе биде изведена претставата Галеб на Српско народно позориште од Нови Сад, во режија на Томи Јанежич.

Галеб е резултат на шеснаесетмесечен креативен процес кој се темели на актерското и личното искуство на секој од учесниците во проектот. Читањето на Чехов, односно анализата на текстот е направена низ практична работа во простор за време на која се користени различни актерски пристапи и техники на психодрама. Претставата ја тематизира самата креативност и се обидува да се занимава со темите не само на ниво на содржина, туку преку употреба на театарски средства, да ги анализира и на сценско и обликувачко ниво.

Претставата има добиено повеќе награди помеѓу кои: Специјална награда за најдобра претстава во целина на Стеријно позорје 2013; награда за најдобра режија на Томи Јанежич и награда за надобра епизодна улога на Душан Јакшиќ на Фестивалот на професионални театри во Војводина 2013 и многу други.

По 9 години, кога во 2004 година претставата Три сестри на Јанежич остави исклучително силен впечаток на МОТ, тој повторно учествува на фестивалот со една провокативна претстава и овој пат работена според текст на А.П. Чехов.

“Седум часа, па што? … Галеб не е ниту гломазна ниту кабаста, туку Голема претстава“, вели Теофил Панчиќ.

Во рамките на МОТ плус програмата, се одбележува и јубилеј – 40 години на професионална театарска кариера на актерот Бајруш Мјаку со претставата „Народен непријател“ – Х. Ибзен
.
Претставата е во режија на Дино Мустафиќ театарскиот режисер и директор на меѓународниот фестивал МЕС и е во копродукција со Театарот Ода од Приштина, Косово. Претставата е во 20.00 часот во Театарот на народности во Скопје.

Во сабота на пладне, 12ч. како дел од MOT во МКЦ ќе има презентација на HARTEFAKT – независна регионална фондација со седиште во Белград, основана со цел да ги поттикнува, поддржува и поврзува креативните и прогресивни сили кои придонесуваат за демократизацијата и реализацијата на европските перспективи на Балканот.

Актерката Милица Стефановиќ како претставник на HARTEFAKT ќе зборува за промоцијата и афирмацијата на општествено одговорните уметници од новата генерација во регионот. Во таа насока, регионалниот конкурс за најдобар современ општествено ангажиран драмски текст, кој за три години постоење, успеа да привлече голем број автори од регионот ќе биде отворен и за драмските автори од Македонија.

Во областа на театарските продукции, HARTEFAKT се обидува да ги поддржи новите, храбри и одговорни уметници и да промовира нови модели на соработка помеѓу независните организации и официјалните културни установи. Соработката со BITEF Театар е еден од чекорите во таа насока. Плод на таквата соработка е и драмата Прст која вечерва (петок 20.09) ќе биде изведена на МОТ.

На 22.09.2013 (недела) во рамките на МОТ ќе се изведат две претстави од македонскиот дел на програмата: Хамлетмашина на Народниот театар од Битола, во режија на Андраш Урбан, во 20:00ч, во Младинскиот културен центар (МКЦ) и 5:17 во продукција на независниот алтернативен театар Вондерленд, во режија на Нела Витошевиќ, во 22:00, во Интро кафе.

Претставата Хамлетмашина е претстава каде во отсуство на карактери и дејство во текстот, повикувајќи се единствено на семантичкиот потенцијал на прочуените Шекспирови фигури (Хамлет, Офелија, таткото) драмските ситуации се градат со актерско излегување од улогите што е резултат на режисерската поетика и асоцијациите поставени со цел: актерите да ја препознаат во себе таа архива на емоции и коментари во контекстот на размислите на современиот човек за сопствената положба.

5:17 е претстава за градот Скопје, која преку неколку паралелни приказни за секојдневието на неколку обични луѓе, го доловува духот на градот како и случувањата во светот во почетокот на шеесеттите години. Градот Скопје од почетокот на своето постоење ја дели својата судбина со митскиот Феникс, постојано да исчезнува и одново од пепел да се раѓа. Како негов единствен континуитет може да се смета повторното раѓање, секогаш со нов лик.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.