Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирмата тврди дека не поднеле понуда на тендерот за реагенси

2
By Нова ТВ on July 23, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 23, 2018 19:47

Фирмата АХР ЛАБ која е носител на дејност, тврди дека не поднеле понуда на тендерот за реагенси, а министерот Филипче во исто време излезе со изјава дека е стопиран тендерот заради неправилности во документацијата и дека се јавила само една фирма 

Фирмата „АХР ЛАБ ДООЕЛ“која денеска ја откажа од пред два дена закажаната прес конференција, се огласи со сооштение кое го пренесуваме во целост. Писмото е потпишано од Александар Јовановски, управител на фирмата.

„Имајќи предвид дека моето име и името на моето семејство беа често споменувани деновиве во медиумите, најпрво би сакал да им се заблагодарам на оние медиуми што останаа доследни во својата професионалност и не објавија невистини и шпекулации во врска со мене и со компанијата со која управувам.

На медиумите што известуваа недоследно и упатија лажни обвинувања до мене, моето семејство и до компаниите кои јас и моето семејство ги претставуваме, сакам да им порачам дека со ниту една од споменатите личности од социјалните мрежи не сум во никаква бизнис или партнерска релација и информациите што се однесуваат на мојот татко, дека тој е дел од бизнисот со обложувачници, се невистинити и истите остро ги негирам.

Од сите што ги пренесоа овие лажни информации барам веднаш истите да ги отстранат од своите медиуми и јавно да се извинат за искажаните лажни ставови. Во спротивно ќе бидам принуден да поведам правна постапка за заштита на мојот углед и на мојата чест.

Компанијата „Ахр лаб“ нема поднесено понуда на наведениот тендер, а со тоа и не може да биде добитник на истиот.

Инаку, моето име и името на моето семејство, чии компании ги претставуваме, работат во Македонија повеќе од 30 години токму во делот со набавка на медицинска опрема, потрошен материјал, реагенси и слично.

Сите невистини и шпекулации, кои беа јавно изнесени во дел од медиумите, нас како компанија „Ахр лаб“, не нè обесхрабруваат, напротив нè охрабруваат и понатаму да бидеме професионални во нашата работа,“се вели во соопшението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.